Почитувани,
Ве информираме дека на 11.03.2009 година (среда), во 18:00, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде отворена трдиционалната хуманитарна изложба на детска компјутерска графика.
Изложбата ќе ја отворат самите организатори г-ѓа Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија и г-ѓа Марина Божинова, директор на Приватното средно училиште ,,Алгоритам центар". Ќе бидат изложени 500 компјутерски графики изработени од деца од предучилишна и училишна возраст, како и деца со посебни потреби. По завршувањето на изложбата графиките ќе бидат подарени на болници и институции кои работат со деца со посебни потреби.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.
Ви благодариме на соработката.
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА