За државата божја од Августин
Промоција на книгата "За државата божја" од Аврелиј Августин, во превод од латински јазик на проф. д-р Љубинка Басотова, ќе се случи во вечерва (19,19 ч.), во Салон 19,19.
Басотова е автор на повеќе преводи и препеви од латински јазик на капитални дела од класичната литература (Овидиј, Цицерон, Вергилиј...) За својата преведувачка дејност од Друштвото на литературните преведувачи на Македонија има добиено повеќе награди за преведувачки опис.
Книгата ќе ја промовира проф. д-р Вера Георгиева, извадоци од текст ќе интерпретира писателката Светлана Христова - Јоциќ, а ќе настапи етно-групата "Баклава".