Ве информираме дека (денес), среда, 27 мај 2009 година, со почеток во 20.00 часот, во Националната галерија на Македонија, објект-мултимедијален центар Мала станица, ќе се отвори завршната годишна изложба на Државното средно училиште “Лазар Личеноски” од Скопје. На изложбата ке бидат претставени уметнички дела од учениците од прва до четврта година, од сите шест оддели кои се изучуваат во училиштето : применето сликарство, применето вајарство, применета графика, дизајн на текстил и облека, дизајн на керамика и дизајн на ентериер и мебел.
Овој пат училиштето ке се претстави со исклучително голем број на дела во разни техники и димензии што се изработени во текот на целата учебна година.
Изложбата ќе ја отвори директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Маја Крстевска и директорот на Државното средно училиште “Лазар Личеноски”, г-дин Петрески Ицко и ќе трае до 7 јуни 2009 година.
Со почит,
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА
НА МАКЕДОНИЈА