LIKOVNA KOLONIJA GALI^NIK GALICHNIK ART RESIDENCIES
Бул. „Партизански одреди“ 111/2-13, 1000 Скопје, Р. Македонија; Bld. “Partizanski odredi” 111/2-13, 1000 Skopje, R. Macedonia
Tel/fax: + 389 2 3062 753; GSM: + 389 70 574 930; e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Ве информираме дека традиционалната интернационална Ликовна колонија Галичник, својата овогодишна јубилејна, 20-та по ред, сесија ќе започне на 10 август во Галичник. На неа ќе земат учество 10 уметници од повеќе земји од светот и тоа: Мајкл Рајан Ноубл - САД; Моника Филц - Германија; Реико Аојаги - Јапонија/Британија; Ејлиш Кали - Ирска; Виктор Петков- Бугарија; Катарина Бунушевац - Србија; Амир Ибрахими - Косово; Борис Шемов, Александар Спасоски и Игор Јосифов - Македонија.
Овогодишната сесија на ликовната колонија Галичник, со цел да го одржи не само квалитетот и професионалноста, кој е веќе потврден и од домашната уметничка фела и критика, но и од странската, туку и да биде во чекор со најновите текови во уметноста, овој пат ќе опфаќа работа само и исклучиво со таканаречените „нови медиуми”, т.е. фотографија, дигитална графика, фото инсталација, видео арт, видео инсталација. Сите учесници се значајни и афирмирани уметници во земјите од каде доаѓаат, а и пошироко, со исклучителни остварувања зад себе и иако повеќето млади имаат веќе изградени богати биографии. Само како напомена, едни од најмладите се Мајкл Рајан Ноубл од САД и Игор Јосифов, македонец кој авторски се гради и твори во САД, тоа се всушност перформанс уметници кои работат под менторство и со поддршка на познатата Марина Абрамовиќ и веќе имаат одлично авторско резиме. За сите автори информации можат да се најдат на нивните web-site-ови.
Очекуваме и убедени сме, дека и овогодишната креативна средба, како и сите досега, ќе се одржи на највисоко професионално ниво и дека како резултат на тоа ќе бидат создадени одлични дела, а Ликовната колонија Галичник уште еднаш ќе го докаже квалитетот и посебноста, поради која стана препознатлива и единствена манифестација не само во Македонија, туку и на светската арт мапа.
Искрено и со почит,
Ана Франговска,
уметнички раководител