Денес во 11 часот, во црквата " Св. Ѓорѓија" во Струга ќе се одржи 11-тото издание на манифестацијата "Македонски духовни конаци" , во организација на истоимената меѓународна асоцијација.
Ќе биде промовиран гласникот на Конаците "Портал", кој е посветен на странските зборови во македонскиот јазик, и ќе бидат доделени традиционалните награди "Велја кутија" за писателот Веле Смилевски за книгата "Совршена тишина" , наградата "Духовен воин" за академик Иван Катарџиев и за Едмонд Темелко, прв македонски градоначалник во Пустец.
Традиционално, ќе биде поставена и изложба од скулпторот Драган Докоски.
Извор: Вест