Клаудиа-Мариа Луениг е родена 1957 година во Херберн, Германија. Живее и работи во Виена, Австрија. Живеела и работела во Мелбурн, Австралија, од 1985 до 1999 година. Во 1980 дипломирала Хемиско инженерство на Technical College Münster, Burgsteinfurt, Германија, 1992 дипломирала скулптура на Canberra School of Art, Australian National University, ACT, Канбера, Австралија и во 1998 магистрирала Внатрешен дизајн на RMIT, Мелбурн, Австралија. Досега има остварено 17 самостојни изложби во Австралија, Австрија, Кина, Србија, Бугарија и други земји, а ова е нејзино прво самостојно претставување во Македонија. Учествувала на огромен број групни изложби (над 50) ширум светот, била куратор на повеќе групни изложби, добитник е на повеќе награди, грантови и стипендии, а нејзини дела се наоѓаат во повеќе колекции. За повеќе информации за авторката посетете ја веб страницата: www.claudiamarialuenig.com
За нејзиното творештво, д-р Терезија Хауенфелс, автор на текстот во каталогот вели: “Кога Клаудија-Марија Луениг се зафаќа со одредени простори, таа ги одразува структурите што тие простори ги претставуваат на најразлични нивоа и наоѓа точки на поврзување со историските, естетските и родово специфичните слоеви на архитектурата. Во случајот на некогашниот амам, еден од начините на кои таа им приоѓа на просторите е преку половата поделба при употребата на традиционалната турска бања, притоа играјќи со асоцијациите, одејќи против прифатените обрасци.“
Со почит,
Национална галерија на Македонија
Маја Крстевска, директор