Почитувани,
Ве информираме дека на 28.12.2009 година, понеделник, со почеток во 19.00 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се отвори самостојна изложба на Наташа Андреска, ликовен уметник од Битола.
Наташа Андреска и припаѓа на помладата генерација ликовни уметници. Дипломирала на Државниот Универзитет за Ликовни уметности во Букурешт, Романија, на отсек сликарство, 2002 година и постдипломски студии на истиот Универзитет во 2004 година. Од 2004 година е член на ДЛУМ.
Самостојно изложувала во Букурешт, Романија; Белград, Србија; Битола; Прилеп и Скопје. Учествувала на десетина групни изложби и проекти во земјава и странство.
Нејзин предизвик е грчката митологија, а на изложбата ке бидат претставени слики и цртежи со визуелизација на античката митологија. На изложбата ке бидат претставнеи 15 (петнаесет) дела работени во акрил, комбинирана техника и цртеж.
На отварањето на изложбата се очекува да говорат директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Маја Крстевска.
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА
НА МАКЕДОНИЈА