СООПШТЕНИЕ
НЕСЕБИЧЕН ГЕСТ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА: ОД СЕГА, ЗА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА - БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА СИМФОНИСКИТЕ КОНЦЕРТИ
ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА - ПРАИЗВЕДБА НА ПРЕЛУДИУМОТ КОН ВАГНЕРОВИОТ „ПАРСИФАЛ “
Скопје, (18. Февруари 2010)
Гостинот од САД/Швајцарија, искусниот и реномиран диригент Стефан Лано, солистот на пијано Хонг Жу од НР Кина, кој на концертната сцена, на само шеснаесет години, успешно дебитирал со Концертот бр.2 од Рахмањинов, и Македонската филхармонија – нашата најбогата куќа, во поглед на разновидните и со меѓународен карактер програмски понуди, во веќе препознатливиот термин резервиран за љубителите на класичната музика ќе одржат Симфониски Концерт.
Програмата на Концертот, кој ќе се одржи на 18. Февруари, во 20 часот, во Дом на АРМ содржи две мошне комплексни дела: Прелудиумот од операта “Парсифал” од Р. Вагнер германскиот композитор, поет, есеист и музички теоретичар (прва изведба во Македонија) и Симфонијата „Сликарот Матис“ од П. Хиндемит.
Уживајте во традиционалниот термин за концерт: на репертоарот ќе можете да го слушнете и Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во А-дур од симфонискиот поет и романтичар Ф. Лист.
АКЦИЈА на Македонска филхармонија
НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА ЌЕ ДОБИЈАТ БЕСПЛАТЕН БИЛЕТ, ОТКАКО НА КАСАТА ЌЕ ДОНЕСАТ ПОТВРДА ДЕКА ИМААТ СТАТУС НА НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ
БРОЈОТ НА БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ Е ОГРАНИЧЕН НА НАЈМНОГУ 5 ПРОЦЕНТИ ОД ВКУПНИОТ БРОЈ НА СЕДИШТА, А БИЛЕТИТЕ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ САМО АКО КОНЦЕРТОТ НЕ Е ЦЕЛОСНО РАСПРОДАДЕН.