Почитувани,
Ве известуваме дека на 17 февруари 2010 година (среда), со почеток во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе се отвори изложбата на Јовица Мијалковиќ, со наслов “Со точка и линија”.
Насловот на најновата изложба “Со линија и точка” на Јовица Мијалковиќ уште веднаш на почетокот сугестивно нé воведува во приказната која овој автор ја раскажува преку овие два елементи. Во случајов приказната од претставениот циклус е раскажана низ повеќе дела на тема жена, создадени во период од десет години, изведени во техниката ситопечат и со различни димензии (па дури и намени).
Желбата за претставување на прочистен материјал е условно претставена со минималистичката употреба на редуцирани елементи.
Јовица Мијалковиќ е роден во Белград 1952 година. Во 1980 година дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1997 година. Добитник е на наградите: 2001ДЛУМ откупна награда за графика “Климент Охридски”; 2004 ДЛУМ голема годишна награда за графика “Климент Охридски” и 2005 ДЛУМ откупна награда за цртеж “Климент Охридски”. Учествувал на повеќе од стотина групни изложби. Досега имал 7 самостојни изложби во Скопје, Прилеп и Аби Даби.
Изложбата ќе биде отворена до 23 февруари 2010 година.
Со почит,
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА