Изложба на Благоја Николовски вечерва во 20 часот ќе се отвори во галеријата „Арт кујна“
Николовски и припаѓа на генерацијата современи македонски сликари чии творечки остварувања воспоставуваат длабока врска со живото класично сликарство.
„Николовски има јасен и прецизен цртеж, композиција што се граничи со перфекција, контрасти на светлото и темното, во која доминира поетска и човечка меланхолија“, пишува Владимир Георгиевски за сликарството на Николовски.
Роден е во 1944 година, во Скопје. Завршил училиште за применета уметност во Скопје, 1965 година. Студирал во Париз на школата за убави уметности. Досега реализирал повеќе самостојни и групни изложби, а неговите дела се наоѓаат во Франција, Германија, Австралија, Канада, Турција, Хрватска, Србија и Црна Гора...
Добитник е на повеќе награди и признанија.
Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3910114318&id=16&prilog=0&setIzdanie=21929