Изложба насловена „Акт“ на Лоран Куфало вечерва, во 19.30 часот, ќе се отвори во Музејот на градот Скопје
Куфало ќе се претстави со педесет и пет дела, акрилик на платно изработени во последните три години. Ова е трета самостојна изложба на Лоран Куфало.
„Лоран Куфало со оваа мотивски определена серија платна во акрилик, создадени во последните неколку години на свој начин партиципира во неоекспресионистичката струја во македонското сликарство“, пишува Владимир Величковски во текстот од каталогот.
Куфало дипломирал на отсекот за сликарство на ФЛУ во 1992 година во класата на професорот Родољуб Анастасов. Член е на ДЛУМ од 1998 година.
Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3910110514&id=16&prilog=0&setIzdanie=21929