Промоција на книгата „Еквилибриум“ од Соња Стојменска-Елзесер, во издание на Институтот за македонска литература, ќе се одржи денеска на пладне во културниот центар „Феникс“
За книгата ќе говорат Александар Прокопиев, Христо Петрески и Владо Ефтимов, а фрагменти од делото ќе интерпретира актерот Едмонд Сотир.
Со ова авторско претставување започнува новиот циклус пладневни средби во културниот центар „Феникс“, посветени на македонската критика, есеј и книжевна теорија.
Во културниот центар „Феникс“, под заеднички наслов „Македонската литература - пат и запис“, ќе бидат претставени најновите изданија на повеќе македонски литературни критичари, есеисти и книжевни теоретичари, а целта е со нив да се запознае пошироката јавност и да се афирмира овој вид специфично и мошне значајно книжевно и научно творештво
Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3910114116&id=16&prilog=0&setIzdanie=21929