Петок, 26.03.2010година
Музеј на град Скопје
20: 00 часот
Изложбата ќе ја отвори г-ѓа Елизабета Канческа – Милевска,Министер за култура на Република Македонија
Ве известуваме дека во Музејот на град Скопје,на 26.03.о.г., свечено ќе се одбележи 65годишното постоење на ДСУПУ “ Лазар Личеноски “ Сkопје.
Училиштето е формирано на 1.12.1944г. со одлука на АСНОМ. На 5.02.1945 со свечена церемонија започна со настава тогашната Художествена школа во Скопје, денес уметничко училиште” Лазар Личеноски”.
По тој повод на денот на патрониот празник на училиштето,26.03,ќе биде отворена ретроспективна изложба со дела од сите професори кои биле и се дел од училиштето , од 1945 до 2010. Делата се на осумдесетина еминентни македонски уметници,професори, втемелувачи и амбасадори на ликовната култура на нашата земја.
На свечената седница во 19 :00 часот, ќе биде промовирана монографијата за училиштето, а по тој повод пригодно обраќање ќе има Министерот за образование и наука, г-дин Никола Тодоров. До присутните ќе се обрати и академскиот сликар проф.м-р Владимир Георгиевски.
Изложбата ќе биде отворена во 20: 00 часот од Г-ѓа Елизабета Канческа- Милеска, Министер за култура на Република Македонија.
Скопје,23.03.2010 ДСУПУ “ Лазар Личеноски