Македонската филхармонија заедно со гостинот од Хрватска, диригентот Берислав Шипуш и солистот на гитара Дарко Багески ќе настапат на Фестивалот Денови на Македонска Музика.
Скопје, (23. Март 2010) - Македонската филхармонија се придружува кон 33. Фестивал на Денови на македонската музика и ве покануваат на Симфониски Концерт.
Програмата на Концертот што ќе се одржи на 25. Март, во 20 часот, во Дом на АРМ ќе ги претстави делата на Т. Зографски: „Древниот ѕид“ (75 години од раѓањето и 10 години од смртта на композиторот), Ж. Глишиќ: Кончертино за гитара и оркестар (посветено на Т. Зографски) и В. Николовски: Synfonia strumentale (85 години од раѓањето на композиторот).
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН