Скопје, 23 април 2010 (МИА) - Со пригодна програма денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе биде одбележан 23 Април - Светскиот ден на книгата и авторското право.
Предвидено е обраќање на директорот на НУБ Миле Бошевски, а на свеченоста традиционално ќе биде прочитана пораката од генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, како и македонската порака која ќе ја прочита Раде Силјан, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
На присутните ќе им бидат подарени книга и цвет, а ќе следи и мултимедијална презентација за дигитализацијата.
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во соработка со Амбасадата за мир во Македонија по повод 15. одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право, организира средба со читатели и млади литерати. Ќе следи изложба на книги и ликовна работилница „Цвеќето на мирот и книгата“ со Живко А. Поповски Цветин. На настанот што ќе се одржи во просториите на библиотеката „Страшо Пинџур“ беседа за книгата ќе одржи професор Ферид Мухиќ.ва/са/9:35