По повод празнувањето на Свети Кирил и Методиј на 25 мај 2010 година во Рим свој концерт ќе одржи македонскиот Мјузик Прогрсив Квартет.
Концертот кој е во организација на министерството за култура на Р.Македонија и амбасадата во Рим ќе се одржи во салата Сан Клементе.
Квартетот во кој членуваат, Владимир Лазаревски на обоа, Владимир Крстев на виолина и тамбура, Марко виденовиќ на виола и како композитор и Паскал Краповски на виолончело изминативе неколку години имаше забележителни настапи во Софија, Виена, Њујорк, Москва како и концертот во Скопје.На концертот во Рим ќе се претстават со музиката која тие ја изведуваат и по која се препознатливи, односно со авторски компзиции кои најчесто се базираат врз фолклорни теми. На концертот покрај стандардните членови како гости ќе настапат и Македонка Цветкова Виденовиќ – вокал и Горан Начевски – баритон.