Филмот „Последниот воз за дома“ на кинескиот режисер Лиџин Фан, заедно со македонскиот краток филм „Голгота“, вечерва во 20.30 часот во Куршумли ан ќе го означи почетокот на првиот фестивал за креативен документарен филм „МакеДокс“. „Последниот воз за дома“ не запознава со тешкиот живот на едно семејство мигранти и беше во официјалната селекција на годинашното издание на фестивалот „Санденс“.
Официјалниот почеток на фестивалот е утре (недела) со програма во Кинотека на Македонија и Куршумли ан. Во Кинотека ќе се прикажуваат кратки филмови наменети за деца и за млади. На утрешната програма од 13 часот до 17 часот ќе бидат прикажани 15 филма распоредени во три целини - социјални, урбан живот и промени. Во Куршумли ан во три термини до полноќ ќе бидат прикажани филмовите „На раб на сонот“, „Англиски хирург“ и „Украдени“.
„МакеДонкс“ до 12 јуни ќе опфати вкупно 63 филма, работилници со познати режисери и продуценти и ќе додели награда за најдобар дебитантски документарен филм. Фестивалот ќе заврши со концерт во Младинскиот културен центар, каде што во меѓувреме ќе бидат прикажани 6 музички документарни филма.