Со литературен перформанс и читање поезија од рускиот поет Александар Сергеевич Пушкин, денеска на платото во паркот во Кисела Вода, кое го носи неговото име, ќе почне тридневното одбележување на 221 година од раѓањето на поетот.
Централниот настан ќе се одржи в недела, во 20 часот, со целовечерен концерт на дуетот „Алјонушки“, гости од Русија, здружението на руски сонародници и ансамблот „Чајка“. Манифестацијата ќе биде заокружена в понеделник во 20 часот со филмот за животот и делото на овој светски великан.