Скопје, 17 јуни 2010 (МИА) - Македонската опера и балет на 23 јуни со Вердиевата опера „Риголето“ ќе гостува на 17. Интернационален фестивал за опера и балет во Аспендос, Турција.
Организатор е Генералниот директорат на државната опера и балет на Турција, од кој МОБ и ја добил поканата за учество на фестивалот, што се смета меѓу најпрестижните во Европа.
Тој годинава трае од 8 јуни до 1 јули, а се одржува од 1994 година. Во повеќе меѓународни анкети е високорангиран.Од 2003 е прифатен во Европското здружение на фестивали.
Оперските и балетските претстави се изведуваат во антички театар од 166 г.н.е. со гледалиште од 15.000 седишта. Над 70 отсто од посетителите се странски туристи. хс/ 9:25