Во Охрид од денеска до 20 август ќе се одржи конференција за поттикнување меѓународна соработка во културата ЖурнАрт, на која ќе земат учество 20 новинари и културни работници од Словенија, Австрија, Чешка, Полска, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и од Македонија.
Нејзината цел е размена на искуства и поттикнување поинтензивна соработка меѓу културните работници и новинарите од земјите-учеснички и развивање модели за ставање на новите медиуми во функција на промоција на културата и зачувувањето на културното наследство.
Организаторот Центар за медиумски активности, поддржан од Министерството за култура на Македонија и од Централната европска иницијатива во рамките на четиридневната конференција организира и работни посети на Заливот на коските, Плаошник, Античкиот театар во Охрид, црквите Св. Софија" и Св. Климент", на струшкото село Вевчани со сета негова туристичка понуда, а ќе се посетат и настани на фестивалот Охридско лето" и на Струшките вечери на поезијата.
Учесниците ќе се обидат заклучоците од конференцијата да ги вплотат во медиски производи испродуцирани на спомнатите локации и настани, во формат кој на современ и медиски питок начин ќе ги испромовира културните богатства на Македонија преку прикажување во медиумите од каде што доаѓаат учесниците на конференцијата.
Извор: Вечер