логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


17.09.2010 - 22.02.2010
НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

17.09.2010 (Петок) 20.00 часот
ЕДНА ВОЈНА/ ODNA VOINA
2009 год., 85 мин., колор, 35мм,
Режисер: Вера Глаголева
Автор на сценариото: Марина Сасина
Камера: Руслан Герасименков
Композитор: Сергеј Баневич
Производство: Продуцентски центар “Хорошо продакшн”, 2009 год.
Актери: Александар Балуев, Наталија Суркова, Јулија Мељникова, Михаил Хмуров, Федор Копосов, Наталија Кудрјашова, Ана Нахапетова, Ксенија Суркова

Глаголева Вера Виталевна, актер на театар и кино, режисер, сценарист и продуцент, заслужен артист на Русија (1995 год.). Родена е во Москва, на 31 јануари 1956 год. За кино снимала прв пат веднаш по завршувањето на училиштето, во 1974 год., кога случајно наминала во “Мосфилм”. Иако не добила актерско образование, многу снимала. Нејзиниот уникатен актерски тип (нежна поетичност соединета со притаена сила и целовитост, кршна пластичност, точност на “психолошкиот гест”, несекојдневна и киногенична надворешност) се покажал повеќе од потребен. Во нејзината актерска филмографија се повеќе од 50 Актери. Игра во театарски претстави.


18.09.2010 (Сабота) 20.00 часот
ПОП/ POP
2009 год., 123 мин., колор, ДВД
Режисер: Владимир Хотиненко
Автори на сценариото: Александар Сегењ, Владимир Хотиненко
Камера: Иља Демин
Актери: Сергеј Маковецкиј, Нина Усатова, Елизавета Арзамасова, Кирил Плетњов, Анатолиј Лобоцкиј

Хотиненко Владимир Иванович, руски режисер, актер, сценарист, Заслужен уметнички работник (2001) и Народен артист на Руската Федерација (2010).Роден е на 20 јануари 1952 год. во градот Славгород, Алтајски крај. Во 1976 год. го завршил Свердловскиот институт за архитектура. Во периодот 1978-1982 год. е уметнички директор на Свердловската продуцентска куќа. Во 1981 год. ги завршил Високите курсеви за сценаристи и режисери (студио Н.С. Михалков). Во денешно време предава режија на игран филм во Серускиот државен институт за кинематографија. Од 1999 год. раководи со Режисерско-сценаристичко студио на Високи курсеви за сценаристи и режисери.


19.09.2010 (Недела) 20.00 часот
ПРОЛЕТТА ДОАЃА/ SKORO VESNA
2009 год., 88 мин. колор, ДВД
Режисер: Вера Сторожева
Автор на сценариото: Ирина Василева
Камера: Владимир Климов
Актери: Ксенија Кутепова, Сергеј Пускепалис, Олга Попова
Сторожева Вера Михајловна - режисер, продуцент, актер, драматург.Родена е на 7 септември 1958 год. Во 1983 год. го завршила Московскиот државен институт за култура, во 1993 год. ги завршила Високите курсеви за режисери и сценаристи (студио на А. Мита). Како режисер снимила 25 документарни филмови.


20.09.2010 (Понеделник) 20.00 часот
ЦАР/ TSAR
2009 год., 118 мин., колор, ДВД
Режисер: Павел Лунгин
Автори на сценариото: Алексеј Иванов и Павел Лунгин
Камера: Том Стерн
Актери: Пјотр Мамонов, Олег Јанковскиј, Александар Домогаров, Јуриј Кузнецов, Вили Хаапасало, Иван Охлобистин, Алексеј Макаров

Лунгин Павел Семјонович, советски и руски сценарист и режисер, лауреат на Канскиот фестивал (1990), Народен артист на Русија (2008).Роден е на 12 јули 1949 год. во Москва. Во 1971 год. Павел Семјонович го завршил Одделот за теориска и применета лингвистика на Московскиот Државен Универзитет, во 1975 – Серускиот државен институт за кинематографија, во 1980 – режисерскиот Оддел на Високи курсеви за сценаристи и режисери (студио на на Г. Данелија, М. Лавовски).Од почетокот на 1990-ите години живее во Франција и снима свои филмови со учество на француски продуценти, но и во Русија и за Русија.


21.09.2010 (Вторник) 20.00 часот
СОБА И ПОЛОВИНА, ИЛИ СЕНТИМЕНТАЛНО ПАТУВАЊЕ ВО ТАТКОВИНАТА / POLTORY KOMNATY ILI SENTIMENTALNOE PUTESHESTVIE NA RODINU
2009 год.,130 мин, колор, ДВД
Режисер: Андреј Хржановскиј
Автори на сценариото: Јуриј Арабов, Андреј Хржановскиј
Камера: Владимир Брилјаков
Актери: Алиса Фрејндлих, Сергеј Јурскиј, Григориј Дитјатковскиј, Евгениј Оганџањан, Артјом Смола, Борис Шитников
Хржановскиј Андреј Јурјевич - познат советски и руски аниматор, cценарист, предавач.Роден е на 30 ноември 1939 год. во Москва. Во 1962 год. го завршил Серускиот државен универзитет за кинематографија (студио на Л.Кулешов). Од таа година почнал да работи во студиото “Сојузмултфилм”. Предавач на Серускиот државен универзитет за кинематографија, шеф на катедрата по режија на анимиран филм.Заслужен уметнички работник на Русија, лауреат на Државната Награда на Русија.Лауреат на XI Меѓународен фестивал на филмови за деца и млади во Хихон (Шпанија), награда за анимиран филм “Пеперутка”, 1973 год.


22.09.2010 (Среда) 17.00 часот
НИЕ СМЕ ОД ИДНИНАТА/ MY IZ BUDUSHCHEGO
2008 год., 120 мин., колор, ДВД
Режисер: Андреј Малјуков
Автори на сценариото: Александар Шевцов, Едвард Володарскиј, со учество на Кирил Белевич
Камера: Владимир Споришков
Актери: Екатерина Климова, Данила Козловскиј, Даниил Страхов, Борис Галкин, Сергеј Маховиков, Владимир Јаглич, Димитриј Волкострелов, Андреј Терентjев
Андреј Игоревич Малјуков - советски и руски режисер, сценарист, продуцент.Роден е на 6 јануари 1948 год. во Новосибирск. Во периодот 1961-1966 е актер и режисер во Народниот театар “Младост” во Новосибирск. Во 1971 год. го завршил Режисерскиот факултет на Серускиот државен институт за кинематографија. Од 1974 год. е продуцент на продуцентската куќа “Мосфилм”.Од крајот на 1990-ите години активно работи во телевизија.Заслужен уметнички работник и Народен артист на Руската Федерација.


22.09.2010 - 27.09.2010
ВИМ ВЕНДЕРС

Вим Вендерс е роден на 14. август 1945 год. во Дизелдорф, како Ернст Вилхелм Вендерс. Кога имал шест години, родителите му подариле стар рачен кино проектор и стари филмови на Чарли Чаплин и Бастер Китон. На десетгодишна возраст, секој од филмовите го имал гледано по илјада пати. Подоцна, во младоста, многу го привлекува американската култура, особено филмовите и рок-музиката. На 18-годишна возраст почнува студии по медицина во Минхен, кои набргу ги напушта, па студии по философија и социологија во Дизелдорф, кои исто така бргу ги напушта за да му се посвети на сликарството, што е причина за преселба во Париз. Таму работи како гравер во работилница на Монмартр и секоја вечер ги посетува кино-салите на Француската кинотека, на чии чело во тоа време се наоѓа легендарниот Анри Ланглоа, кому подоцна Вендерс ќе му го посвети филмот ПРИЈАТЕЛ ОД АМЕРИКА. За една година во Париз, Вендерс успева да види повеќе од илјада филмови, пред сè вестерни и американски комедии. Во 1967 год. се враќа во Германија и почнува поинтензивно да се занимава со филм. Во Минхен, посетува предавања на Високата школа за телевизија и филм, и редовно пишува филмски критики во специјализираната ревија Филмкритик и во дневниот весник Суддојче Цајтунг. Во тој период почнува да снима и кратки филмови, кои претставуваат дел од т.н. „Минхенска школа“ и воедно, вовед во т.н. „Нов германски филм“. Во 1970 год. го режира својот дебитантски игран филм, ЛЕТО ВО ГРАДОТ, што означува почеток на една успешна кариера, која е крунисана во 1981 год. со Златен лав во Венеција за филмот СОСТОЈБА НА НЕШТАТА, со Златна палма во Кан, во 1984 год., за ПАРИЗ, ТЕКСАС, наградата за најдобра режија во Кан, во 1987 год. за НЕБОТО НАД БЕРЛИН и со уште многу други меѓународни награди и признанија. Во 1989 год. Вендерс станува почесен доктор на Сорбона.


22.09.2010 (среда) 20.00 часот
БУКВА НА СРАМОТ(Der scharlachrote Buchstabe/ The Scarlet Letter)
игран филм, Западна Германија/Шпанија
1973, 90 мин., колор, ДВД
Сценарио: Танкред Дорст, Урсула Ехлер (Tankred Dorst, Ursula Ehler)
Директор на фотографија: Роби Милер (Robby Müller)
Актери: Сента Бергер, Ханс Крисиан Блех, Лу Кастел, Јелена Самарина, Јела Ротландер (Senta Berger, Hans Christian Blech, Lou Castel, Yelena Samarina, Yella Rottländer)

23.09.2010 (четврток) 20.00 часот
АЛИС ВО ГРАДОВИТЕ(Alice in den Städten/Alice in the Cities)
игран филм, Западна Германија
1974, колор, 10 мин., црно-бел, ДВД
Сценарио: Вим Вендерс, Веит вон Фурстенберг (Veith von Fürstenberg)
Директор на фотографија: Роби Милер (Robby Müller)
Актери: Рудигер Волер, Јела Ротландер, Лиза Кројцер, Еда Кохл, Ернест Боем (Rüdiger Vogler , Yella Rottländer, Lisa Kreuzer, Edda Köchl, Ernest Boehm )


24.09.2010 (петок) 20.00 часот
КРАЛЕВИ НА ПАТОТ(Im Lauf der Zeit/ Kings of the Road)
игран филм, Западна Германија
1976, 175 мин., колор, ДВД
Сценарио: Вим Вендерс (Wim Wenders)
Директор на фотографија: Роби Милер, Мартин Шафер (Robby Müller, Martin Schäfer)
Актери: Рудигер Волер, Ханс Зихлер, Лиза Кројцер, Рудолф Шиндлер, Маркард Бом (Rüdiger Vogler, Hanns Zischler, Lisa Kreuzer , Rudolf Schündler , Marquard Bohm)


25.09.2010 (сабота) 20.00 часот
АМЕРИКАНСКИОТ ПРИЈАТЕЛ(Der amerikanische Freund / The American Friend)игран филм, Западна Германија/Франција
1977, 125 мин., колор, ДВД
Сценарио: според романот на Патриша Хајсмит, Вим Вендерс (Patricia Highsmith, Wim Wenders)
Директор на фотографија: Роби Милер (Robby Müller)
Актери: Денис Хопер, Бруно Ганц, Лиза Кројцер, Жерар Блан, Николас Реј(Dennis Hopper , Bruno Ganz , Lisa Kreuzer , Gérard Blain, Nicholas Ray)


26.09.2010 (недела) 20.00 часот
КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ(Stand der Dinge / The State of Things)
игран филм, Западна Германија/Португалија/САД
1982, 125 мин., колор, ДВД
Сценарио: Роберт Крејмер, Џош Валас, Вим Вендерс (Robert Kramer, Josh Wallace, Wim Wenders)
Директор на фотографија: Анри Алекан, Фред Марфи, Мартин Шафер (Henri Alekan Fred Murphy Martin Schäfer)
Актери: Изабел Вајнгартен, Ребека Паули, Џефри Ким, Џефри Кари, Камила Мора-Шеихинг (Isabelle Weingarten, Rebecca Pauly, Jeffrey Kime, Geoffrey Carey, Camila Mora-Scheihing)

27.09.2010 (понеделник) 20.00 часот
РАНИТЕ ГОДИНИ НА ВИМ ВЕНДЕРС(Von einem der auszog - Wim Wenders 'frühe Jahre/ One Who Set Forth: Wim Wenders' Early Years)
документарен филм, Германија
2007, 100 мин., колор, ДВД
Режија: Марсел Вен (Marcel Wehn)
Сценарио: Марсел Вен (Marcel Wehn)
Директор на фотографија: Сара Ротер (Sarah Rotter)
Во филмот учествуваат: Еда Кошл, Лиса Кројцер, Јела Ротландер, Роби Мулер, Бруно Ганц, Хелмут Фарбер и други. (Edda Köchl, Lisa Kreuzer, Yella Rottländer, Robby Müller, Bruno Ganz, Helmut Färber)


28.09.2010 (среда) 20.00 часот и 29.09.2010 (четврток) 20.00 часот
ВЕЧЕР СО РЕЖИСЕРОТ ОД ЛОНДОН - САША ДАМЈАНОВСКИ 28.09.2010

(среда) 20.00 часотТАНЦУВАЈ СО МЕНЕ/ DANCE WITH ME
Велика Британија, 82 мин., 2010 год, ДВД
Сценарио и режија: Саша Дамјановски
Директор на фотографија: Саша Дамјановски, Елоиз Парфит (Eloise Parfitt)Актери:Исмаел Лудмен, Џоан Мурдок, Адам Напиер, Џејн Стантон (Ismael Ludman, Johanne Murdock, Adam Napier, Jane Stanton)

28.09.2010 (среда) 22.00 часот
ЗЕЛЕНИ СТРАНИЦИ/ Green Pages
Велика Британија, 17 мин., 2006 год, ДВД
Сценарио и режија: Саша Дамјановски
Директор на фотографија: Фил Маш (Phil Mash)
Актери: Џоан Мурдок, Џејсон Кортис (Johanne Murdock, Jason Courtis)

Специјален гостин: Саша Дамјановски
После проекциите: Q&A. See More

 

Една војна / Одна война

Поп / Поп

Пролетта Доаѓа / Скоро весна

Цар / Царь

Соба и половина, или Сентиментално патување во Татковината / Полторы комнаты, или Сентиментальное путешествие на родину

Ние сме од иднината / Мы из будущего

 

Организатори

 

  • Скопје 17-22. 09. 2010
  • Битола 18-23. 09. 2010
  • Охрид 19-24. 09. 2010

Извор: http://www.facebook.com/event.php?eid=156561514357493

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная