Министерот за култура, Елизабета Канческа-Милевска утре (4.9.2010 г.) во Москва, Руска Федерација, во рамките на македонскиот штанд на 23. московски меѓународен саем на книгата, ќе има свое обраќање на промоцијата на Антологијата на современа македонска поезија.
За Антологијата, чии составувачи се рускиот поет Максим Замшев и македонскиот поет и литературен критичар Санде Стојчевски, ќе зборува и Владимир Бојаринов, претседател на Управата на московската организација на Друштвото на писателите на Русија.
На македонскиот штанд утре ќе бидат промовирани и двете книги од едицијата Библиотеката на македонската литература: „Македонски раскази” и „Современа македонска драма”, а автор на проектот и преведувач е Олга Панкина.
Издавачките куќи „Макавеј” и „Македонска реч” се годинашни комесари на презентацијата на македонската литература и култура на Саемот на книгата во Москва.