Скопје, 29 октомври 2010 (МИА) - Со проекција на филмот „Коко пред Шанел“ на режисерката Ан Фонтен вечер во киното „Фросина“ ќе почне Неделата на француски филм. Улогата на модната креаторка ја игра Одри Тоту, а настапуваат и Беноа Поелворд, Алесандро Нивола, Мари Жилен и Емануел Девос.
Неделата на француски филм ќе трае до вторник до кога ќе бидат прикажани и филмовите „Девојката од Монако“ на режисерот Фонтен, „Како сите други“ на Венсан Гаранк, „Другата“ на Пјер Тривидик и „Хамса“ на Карим Дриди. Проекциите почнуваат во 20 часот.
Филмската недела вечер свечено ќе ја отворат амбасадорите на Франција и на Германија Жан-Клод Шлумберже и Улрике Кноц. хс/са/9:17