(English version below)
05 мај 2011 (Четврток) 10 часот
Амфитеатар 1
Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), на 5 мај годинава, ќе организира „Денови на Италијанската култура“, кој ќе се одржи во амфитеатар 1 на универзитетот.
Целта на настанот ќе биде прославување на 150 годишнината на Италија и подигање на свеста за италијанската култура меѓу студентите и професорите на УАКС.
Церемонијата ќе ја отворат ректорот на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, д-р Марјан Бојаџиев, како и Неговата Екселенција, Фабио Кристијани, амбасадор на Италија во Република Македонија. Гости на церемонијата ќе бидат и Ангела Халербах, од италијанската абасада во Скопје, Ева Рзарова, трговски аналитичар во Италијанскиот Институт за Надворешна Трговија, Лучана Гуидо Шремпф, професор по Италијанска историја, култура и цивилизација, како и д-р Анастасија Ѓурчинова, Претседател на Комитетот на Здружението Данте Алигиери во Скопје.
На настанот ќе бидат презентирани студиски програми во Италија, опис на активности на институтот Данте Алигиери, презентација на македонско-италијанските бизнис врски, презентација на италијанска архитектура, како и краток документарен филм.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
UACS to celebrate “Italian Day”
The University American College Skopje (UACS), on 5th of May, will organize a ceremony regarding Italy’s 150th anniversary, titled “Italian Day at UACS”. The goal of the ceremony is to raise awareness about Italian culture among UACS students and staff.
The ceremony will be opened by the Rector of the University, d-r Marjan Bojadziev, and His Excellency Mr. Fabio Cristiani, Italian Ambassador to Macedonia. Additional guests will be Angela Hallerbach, Cultural Attachè to the Italian Embassy in Skopje, Eva Rzarova, Senior trade analyst of the Italian Institute for Foreign Commerce, Dr. Luciana Guido Schrempf, Professor of Italian Civilization, Culture and History (UKIM) and Dr. Anastasija Gjurcinova, Committee President of Dante Alighieri Society, Skopje.
The ceremony will proceed with presentations of study programs in Italy, description of the activities of Dante Alighieri Institute, presentation of Macedonian-Italian business relations, presentation of Italian architecture, as well as a short documentary.
Regards,
UACS Networking Department