Како дел од прославата на 20 години од своето постоење, Канал 103 прогласува Слободна зона во Старата скопска чаршија. Во сабота, на 7ми мај, преку организиран упад во локалите Менада, Ла Кања и Дамар, диџеите на Стотројка ќе го претстават својот шаренолик музички избор, со единствена цел - добри вибрации до доцна во ноќта.
Музика ќе пуштаат: Виксабликса, Марсо, Давид, Јане (Ла Кања); Шурбе, Теодора Поповска, Ѓорѓи Јаневски, Марија Каева (Менада); Нино Наумор, Miss Ilina Angel, Ивана Драгшиќ, Соња Исмаил (Дамар).
Во текот на денот во овие локали ќе се следи специјалната викенд програма на Канал 103 со многу гостувања на бивши стотројкаши и пријатели на радиото.
Убаво загревање пред централната прослава предвидена за 14ти мај во Младинскиот Културен Центар.
Канал 103 – 20 години слободни
________________________________________________________________________
Канал 103 почна да зрачи на 1- ви мај 1991 година. Надвор од државните регулативи и концесии, физички сместена во Македонската Радио-Телевизија, Стотројка прерасна во културно движење на јавен медиум чија концепција е да промовира музички вредности, прогресивна уметност и слободна мисла.
Со почит,
Редакција на Музичко радио - Канал 103
Одговорен за комуникација со медиуми:
Ѓорѓи Јаневски
Контакт телефон: 077 76 81 91