Во среда во киното „Милениум“ започнува седмиот Фестивал на новиот германски филм со мото „Сакам филм“ (Ich Liebe Film), каде што ќе бидe прикажани 12 најнови филмови.
Фестивалот ќе започне со трагикомедијата „Винсент сака море“, кој што е во режија на Ралф Хитнер. Филмот е снимен минатата година и е добитник на Германската филмска награда за 2011.
Фестивалот го организира Амбасадата на Германија, во соработка со Прокредит банка. Од четврток до завршувањето на 17 октомври, место на фестивалот, како и во изминатите негови изданија, е кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар.
Ќе бидат прикажани драмата „Кој ако не ние“ на Андрес Вајел, биографската драма „Гете!“ (за младите години на светски познатиот писател) на режисерот Филип Штелцл, драмата на Кристоф Хохојслер „Градот под тебе“, научно-фантастичниот „Деновите што идат“ на Ларс Крауме, комедијата „Добредојдовте во Германија“ на Јасемин Самдерели, цртаниот филм „Авантурата на Песочко во Соновија на Јеспер Молер.