Скопје, 17 декември 2011 (МИА) - Kампањата „Читај секаде“ која почна минатиот месец во организација на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и радиото „Клуб ФМ“, денеска ќе заврши со централен настан (BooKing Party) кај Спомен-куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје.
Ќе бидат подарени 500 книги на завршната активност на оваа кампања, чија цел е поттикнување на читањето на различни места низ градот по примерот на метрополите низ светот.
Во рамки на кампањата, на фејсбук-страницата „Читај секаде“ посетителите можеа да поставуваат предлози за книги и фотографии од најинтересни локации за читање и да гласаат за нив. хс/дма/9:15