НОВА ЕДИЦИЈА НА ЃУРЃА
AMOR MAGNUS
Едицијата AMOR MAGNUS ви ги претставува безвремените книжевни и научни ремек-дела во кои на импресивен начин се насликани сите лица на љубовта.
Нежна и опасна, реална и волшебна, љубовта е и болест и лек. Таа останува сеприсутна магија која нѐ прави она што сме – луѓе!
Првото коло е во печат, а во него ќе излезат насловите:
1. ДЕВИЈАНТНА ЉУБОВ, Сигмунд ФРОЈД
2. ДЕВИЦАТА И ЦИГАНИНОТ, Дејвид Х. ЛОРЕНС
3. ИНТЕРМЕЦО, Томас ХАРДИ
4. ЗА ЉУБОВНИЦИТЕ, ТИГРИЦИТЕ И ДРУГИОТ ПЛЕН, Џакомо КАЗАНОВА
5. ДЕТИНЕСТО, НО МНОГУ ПРИРОДНО, Кетрин МЕНСФИЛД
6. ЗАБРАНЕТИ ЗАДОВОЛСТВА, АБЕЛАР И ЕЛОИЗА
7. ДНЕВНИКОТ НА ЗАВОДНИКОТ, Сорен КЈЕРКЕГОР
8. СВЕТОТ НА СЕКСОТ, Хенри МИЛЕР
9. ГЕРТРУДА, Херман ХЕСЕ
10. КРОЈЦЕРОВАТА СОНАТА, Лав ТОЛСТОЈ
Од печат излезе ЗАБРАНЕТИ ЗАДОВОЛСТВА, АБЕЛАР И ЕЛОИЗА.
Приказната за францускиот филозоф АБЕЛАР (1079–1142) и за неговата остроумна ученичка ЕЛОИЗА (1101–1162) е запаметена низ времето како еден од најдраматичните и најпознатите љубовни скандали.
Низ нивните страсни преписки е предаден развојот на нивната романса – од нејзиниот безгрижен занесен почеток до јавниот скандал, принудниот таен брак и трагичните последици што ги предизвикал.
Во слаткоречивите интимни писма е претставена широка палета на емоции, од воодушевување до обвинување, од огорченост до болување, низ кои е насликан и религиозниот живот во средниот век.