Премиерна проекција на краткиот анимиран филм “НАРОДЕН ФРОНТ 12” на режисерот Иван Ивановски
Почитувани,
На 13 април-петок, во кино салата на Кинотека на Р. Македонија, со почеток во 20.00 часот премиерно ќе биде прикажан краткиот анимиран филм “Народен фронт 12” во режија на Иван Ивановски.
“Народен фронт 12” е 10 (десет) минутен анимиран филм кој го отсликува современото општество преку испреплетени приказни, симболи и алегории присутни во и околу зградата со број 12.
Фимот е изработен во техника на стоп-анимација и се реализираше во периодот од септември, 2010 година до март, 2012 годна.
Покрај премиерното прикажување на “Народен фронт 12” публиката ќе може да проследи уште 4 (четири) кратки анимирани филмови во режија на Ивановски и тоа: Внатре (2009), Шајкање (2008), Избледување (2008) и Влажен сон (2007).
“Народен фронт 12” е во продукција на ТРИС Филмс, и се реализираше со финансиска поддршка од страна на Филмскиот фонд на Р.Македонија.
Екипата која работеше на реализација на филмот е:
сценарио/режија/монтажа/камера/анимација: Иван Ивановски
продуцент: Виолета Качакова
визуелни ефекти: Мишо Ристов и Горан Петрушевски
музика: Филип Митров и Иван Ивановски
звук: Ален Хаџи-Стефанов и Иван Ивановски
асистент на сценографија: Далибор Риситќ
асистент на продукција: Корнелија Ристовска