логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


video.jpg

Компас Скопје А.Д. е туристичка агенција од Скопје која датира уште од далечната 1965 година. Меѓу другото има и 20 годишна традиција во организирање на тури за светата земја Израел. Датумот на реализирање на програмата е од 18-ти до 25-ми март оваа година

 

ТЕЛ : 02 3 115 587 ФАКС :02 3 134 553

  • е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • https://www.facebook.com/kompas.skopjead

 

 

 

 

И З Р А Е Л

Израел е остварување на еден сон ,земја  ветена од Господа на Аврам и неговите следбеници ; наследство во кое децата на Израел беа водени од Мојсие по егзодусот од Египет, моќна  Хибру нација под водсвото на Давид и Соломон; родно место на Исус Христос и колевка на три големи монотеистички религии; Израел е познат низ историјата во целиот свет како првобитен извор на Библијата.

НЕТАНИЈА

Се наоѓа во прекрасната и плодна долина Шарон и се смета за едно од најатрактивните летувалишта на Медитеранскиот брег. Тоа е град-градина со прекрасна блага клима и секогаш свеж медитерански ветрец. На 30 км. од Тел Авив,110 км. од Галилеја , 95 км. од Ерусалим е идеално појдовно место за еднодневни екскурзии и посети на најзначајните места во Израел.

 

1 ден 18/03 СКОПЈЕ -  ИСТАНБУЛ - ТЕЛ АВИВ  

Собир на патниците на Скопскиот аеродром и лет за Истанбул во 11:30.Слетување во Истанбул во  13:50.Полетување  за Тел Авив  во 21:20 ч. Слетување на аеродромот Бен Гурион во 23:20. Пречек од локален водич. Патувањето го продолжуваме со автобус  до Ерусалим. Сместување во хотел.

 

2 ден 19/03 ЕРУСАЛИМ – МРТВО МОРЕ- МАСАДА-КУМРАН

По појадокот поаѓаме кон Мртво Море .Преку Јудејската пустина се спуштаме до местотоКумран каде се најдени најстарите познати Кумрански ракописи.. Продолжуваме кон  местото Масада каде со жичара ке ги посетиме  остатоците на Херодовата летна палата.. Од тука се упатуваме на брегот на Мртвото море на 400 м. под  морската површина, за капење и релаксирање во водите на овој прекрасен природен феномен. Вечерно враќање во Ерусалим , вечера и ноќевање.

 

3 ден 20/03 ЕРУСАЛИМ  

Денес денот го посветуваме на разгледување на  Ерусалим, кое го започнуваме од Маслиновата Гора, почетокот на Христовото последно патување кон Голгота. На Маслиновата Гора  ќе ги видиме: местото на Вознесението Господово, Гециманската Градина со Базиликата на Агонијата, гробот на Света Богородица и капелата на праведниот Јосиф. Продолжуваме во стариот дел од градот, по патот на страданието Христовио-Виа Долороса до црквата на Воскресението во која се наоѓа   Христовиот гроб. Во попладневните часови одиме до Ционската Гора каде е салата на Тајната вечера, Црквата на Св. Петар,  гробот на цар Давид, а ќе го видиме и  Ѕидот на Плачот- најсветото место за Евреите.

 

4 ден 21/03 ЕРУСАЛИМ - ВИТЛЕЕМ - ТЕЛ АВИВ -  НЕТАНИЈА 

Во претпладневните часови патуваме преку граничен премин кон Витлеем кој се наоѓа на територијата на Палестина . Тука ќе ја посетиме црквата на Христовото раѓање и ќе ја допреме Исусовата ѕвезда . 

По  враќањето од Витлеем ,ќе го посетиме  познатиот  Музеј на Холокаустот - Јад Вашем . Потоа заминуваме од Ерусалим и се упатуваме кон стариот дел на Тел Авив - Јафо,првото и најстаро пристаниште во Израел. Продолжуваме со панорамско разгледување на Тел Авив, бизнис центар на Израел,познат по многубројните облакодери, хотели, прекрасни плажи и шеталишта. Ќе застанеме накратко  на пазарот Кармел  во Тел Авив . Ќе го посетиме и дијамантскиот центар, музеј и берза  во Рамат Ган,каде ке се запознаеме со  водечката извозна  индустрија на Израел -обработката на дијаманти. Патот го продолжуваме кон Нетанија - прекрасен град лоциран на брегот на Средоземното море.  

5 ден 22/03 НЕТАНИЈА – ЦЕЗАРЕА – АКО – ХАИФА- НЕТАНИЈА

Денес се упатуваме кон север - кон градот Хаифа. Попатно ќе го посетиме стариот римски град и археолошки центар,седиште на римскиот император во Израел-Цезареа. Ќе ги посетиме хиподромот, најголемиот аквадукт во Израел од римскиот период, амфитеатарот и старите римски терми (бањи). Од тука заминуваме во посета на старото пристаниште Ако, едно од првите пристаништа во Израел , сега мало рибарско градче со голема историја. Седиште на познатиот Паша Ал Џезеира чиј наследник биле Сулејман Паша и Ибрахим Паша. Град со богата историја од времето на римјаните, крстоносните војни и отоманската империја. Ќе го видиме најголемиот Ан на Блискиот Исток , тврдината на Ал Џезеира и рибарскиот пазар. Од тука заминуваме за Хаифа каде ќе ги видиме  прекрасните Бахајиски градини. Ќе застанеме на планината Кармел од каде ке уживаме во прекрасниот поглед на најголемото Израелско пристаниште-Хаифа. Враќање во вечерните часови , вечера и ноќевање.

6 ден 23/03 НЕТАНИЈА -  НАЗАРЕТ - ГАЛИЛЕЈА - НЕТАНИЈА   

Во Назарет,  градот на Христовото детство ќе ги посетиме: црквите на Благовештението, црквата Свети Архангел Гаврил изградена на природните  извори на Пресвета Богородица и црквата Свети Јосиф.. На патот кон Тибериас  поминуваме низ местото Кана Галилејска -  местото на првото Христово чудо...

Околу Галилејското Море ќе ги посетиме светите места : Капернаум, местото каде живеел Свети Петар и од каде почнуваат Христовите проповеди,  Табха- место на топлите извори  каде Христос ги  прави другите чуда ( своите  следбеници ги нахранува со пет леба и две риби), Гората на блаженствата,  Светата река Јордан. Во вечерните  часови се враќаме во Нетанија. 

 

7  ден  24/03 НЕТАНИЈА   

Денешниот ден е предвиден за одмор и релаксација на прекрасното Медитеранско крајбрежје.  Слободен ден за прошетка по песочните плажи на Нетанија или до самиот град за шопинг или попладневно кафе во многубројни кафулиња. По вечерата следи свечено доделување на диплома за аџилак во светата земја. 

 

 8  ден 25/03 НЕТАНИЈА   - ТЕЛ АВИВ - СКОПЈЕ

Поаѓање кон аеродромот Бен Гурион во раните утрински часови и лет за Истанбул во 07:10. Слетување во Истанбул во 09:20 и полетување кон Скопје во 10:20. Пристигнување во Скопје во 10:50.

 

 

 

 

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА :  МИН 20 ПАТНИЦИ МКД 61.690 (ЕУР 995)

Доплата за еднокреветна соба: 15.600 МКД

 

Во цената се вклучени следните услуги :

• Авионски превоз Скопје - Тел Авив - Скопје

• Трансфери  аеродром - хотел - аеродром 

• Сместување во хотел со три супериор звезди на база на 7 полупансиона во Ерусалим и Нетанија 

• Превоз со модерен туристички автобус и посета на сите свети места  според програмата        

• Локален водич на српски јазик  за време на целиот престој во Израел

• Влезни билети за посета на сите локалитети, цркви , манастири и музеи

• Посета на плажа на Мртво море 

• Компасов преставник за време на патувањето 

 

Во цената не се вклучени следните услуги :

• Патничко осигурување за времетраење на програмата 

• Аеродромски  такси  од 9.610,оо мкд.( таксите не се фиксни)

• Задолжителен  бакшиш за водич и возач ( 40 ЕУР – 2480 мкд)

 

НАПОМЕНИ:

• Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба, уплатата се врши во денари

• За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 20 патници

• За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

• Организатор на ова патување е Компас Скопје АД

• За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот

• За резервации во период на рана уплата потребен е аванс од мин. 70% од вкупнот износ на аранжманот и целосна доплата најдоцна 15 дена пред датумот на патувањето

• Целосна уплата треба да биде извршена десет дена пред започнување на аранжманот

• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена нацената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот

• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети

• Агенцијата го задржува правото за откажување на аранжманот 7 дена пред патувањето. 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ

ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ ВО КОМПАС СКОПЈЕ А.Д.

ТЕЛ : 02 3 115 587   ФАКС : 02 3 134 553

  • е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • https://www.facebook.com/kompas.skopjead  

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная