логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...

 

Светот значи ги мрази пророците. Посебно во Македонија. Во Македонија ќе ти простат сè освен талентот, кој е дар од Бога. Тоа значи: луѓето, посебно овде, ги мразат правдољубивите, чесните, работливите, оние што проштеваат. Светот го мрази Бога: да, тоа го знаеме уште од Ниче - Бог е мртов. Но ако е мртов, зошто тогаш омраза кон него?

 

 


Деновиве читав една книга од еден мој драг пријател, инаку духовник. И, на едно место, ги најдов собрани следниве синонимни мисли: „Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов“. (Матеј 13, 57). „Пророкот никаде не останува без почест, освен во својата земја...“ (Марко 6, 4). „Ниеден пророк не е мил во земјата своја“. (Лука 4, 24). „Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема чест“ (Јован 4, 44).

Зошто е тоа така, а посебно во Македонија? Сите го знаете вицот кога еден Македонец направил вистински подвиг - успеал да излезе од казанот на пеколот, а друг Македонец го фатил за петиците и го повлекол назад.
За да се одговори на тоа прашање, треба да се знае што е тоа пророк. Пророк е некој што има божествено зрно во себе, кој љуби и кој се држи до законите божји: правдољубивост, работливост, милосливост, чест, прошка. И, се разбира, талент, кој е божји дар, затоа што гласот божји во Светото писмо вели: „Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку јас ве избрав од светот - затоа светот и ве мрази“. (Јован 15, 19).

Светот значи ги мрази пророците. Посебно во Македонија. Во Македонија ќе ти простат сè освен талентот, кој е дар од Бога. Тоа значи: луѓето, посебно овде, ги мразат правдољубивите, чесните, работливите, оние што проштеваат. Светот го мрази Бога: да, тоа го знаеме уште од Ниче - Бог е мртов. Но ако е мртов, зошто тогаш омраза кон него? И зошто омраза, злоба и завист кон сите талентирани, надарени, генијални, работливи по амфитеатрите на факултетите, меѓу уметниците, лекарите, спортистите, политичарите?
Затоа што пророкот го искажува својот гениј говорејќи ја ВИСТИНАТА. Генијалноста е вистинитост. И вистината е генијална - затоа воодушевува. Но вистината (во еднина) денес никој не ја сака. Денес се произведуваат вистини (множина): преку рекламите, на пример, се произведуваат вистини, според кои во една иста година имате две најдобри пива на светот. Или два најдобри автомобила. Вистини се произведуваат и при пишувањето истории (што е особено модерна и исплатлива дискурзивна зделка денес, во ерата на „надоместување на традициите“ кај фрустрираните народи), па така за конфликтот (или војната?) од 2001 година има две вистини: онаа на Албанците и онаа на Македонците. И двете вистини тврдат за другиот дека бил агресор и виновник за трагедијата.

Пророците (сите талентирани, од Бога дадени, во сите општествени средини, од сите општествени слоеви) нè враќаат на поимот на една вистина. Тие само тврдат дека два противречни искази не можат да бидат вистинити истовремено: не може истовремено исказот „Македонија е бедно место за живеење“ и „Македонија е раскошно место за живеење“ да бидат вистинити. Може само да доаѓаат од две пристрасни, навивачки идеолошки гледни точки.

Затоа, никој не ги сака пророците. Нив ги изолираат во општеството онака како што се изолира гол електричен кабел со изолирбанд: ќе ги најдете отфрлени, на пониски работни места од квалификациите, во канцеларии без прозорец, во подрумски простории пренаменети во канцеларии, на работни места што воопшто немаат врска со нивното образование, одбиени на листите на кои први се рангирани медиокритетите, лигавите и полтроните. Се прави сè да се изолираат пророците, како што се изолираат лудите во ментални установи. Во очите на хипокритите, добрината и прошката на пророците стануваат карактерна слабост и недостиг на личност, нивното барање правда - невоспитаност и дрскост, нивната борба за повисок професионален стандард и професионализам - знак на лудило и опсесивно-компулсивно однесување.
Пророците се изолирани во општествено легализирани, невидливи лудници. А овие мисли од Светото писмо се најактуелните мисли за нашето „денес“. Поактуелни од ударните наслови на насловните страници на весниците.     
      
Автор: Венко Андоновски      - Нова Македонија
    


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2079
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2594
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

08/01/2025 - среда

Собор на Пресвета Богородица; Спомен на бегството во Мисир; Преподобен Еварест; Свети Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преподобен Константин Синадски; Преподобен Никодим Прилепски-Тисмански;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 27 декември / 9 јануари 2025

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја   26 декември / 8 јануари 2025

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја 26 декември / 8 јануари 2025

Дојдете сите верни ум да подигнеме кон Небесата, со Ангелите да ја восфалиме ОнааКоја е поширока од Небото,умилно песни да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная