логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

    Понекогаш, можеби сте се запрашале, дали вистинското значење на љубовта може да биде сочувано.

Во свет жеден да ја дознае вистината за љубовта, милиони луѓе ги преплавија кината за да ја гледаат филмската верзија на новелата на Е. Л. Џејмс – „Педесет нијанси на сиво”, од нејзината премиера на 14 февруари – Денот на св. Валентин до сега. Да гледаат филм во кој се слави една насилна врска која се нуди како модел за функционална љубов. Злоставување како пример за вистинска љубов?

Мажите ги водат своите партнерки да гледаат филм во кој една млада жена е манипулирана и повредувана? Каква порака им испраќа овој филм на милиони луѓе во светот кои што имаат искусено или сè уште искусуваат злоставување во некоја своја врска?

„Педесет нијанси на сиво” е новела која што има продадено повеќе од сто милиони примероци низ светот и се смета за една од најпродаваните книги во историјата на книжевноста. Дел е од масовната култура и најмногу ги привлекува адолесцентите, студентите, но е популарна и помеѓу возрасните. Нема сомнежи дека ја имаат прочитано и голем дел од православните христијани. Новелата ја раскажува приказната за Анастасија Стил и нејзиното богато момче Кристијан Греј, како тие двајца полека тонат во врска која вклучува многу форми на емоционална манипулација и сексуално злоставување.„Педесет нијанси на сиво” е показател за тоа како нашето општество повеќе од било кога ја меша желбата за моќ и контрола со љубовта.

Авантурата која ја доживуваат ликовите во „Педесет нијанси на сиво” на прв поглед, можеби, изгледа забавна и возбудлива, но нејзината крајна цел е празнотијата и очајот. Ако набљудуваме внимателно, „Педесет нијанси на сиво” всушност ни покажува дека спротивно од љубовта, во вистинскиот живот, не е омразата, туку искористувањето на луѓето за своите потреби. Кога зборуваме за љубовта, секоја личност заслужува повеќе отколку празниот свет кој што ни го нуди Е. Л. Џејмс. На прашањето за тоа што е вистинска љубов, православното предание нуди едно поинакво гледиште кое што е многу подлабоко и поубаво, барем според нашите сфаќања.

Ви нудиме три христијански насоки за сфаќањето на љубовта во кои може да размислувате во иднина:

Вистинската љубов не искористува – таа дава. Тоа што православното христијанство нѐ учи за љубовта е доста различно од масовно прифатената идеја за тоа што е љубов. Популарната слика за љубовта се фокусира на тоа што другите можат да направат за нас. Оваа слика е пренесена и во филмот каде што ликовите константно се искористуваат еден со друг и погрешно ги толкуваат таквите дејанија за права љубов. Гледањето на луѓето како предмети за искористување наместо како икони Божји е опасно. Кога мажот или жената ја губат својата внатрешна вредност во очите на другиот тогаш тие стануваат лесно ранливи. Вистинската љубов во православното христијанство никогаш не се темели на искористувањето на другиот за да се чувствувате подобро самите. Мажот и жената не се создадени да се искористуваат еден со друг, туку да снисходат и да се дадат себеси еден на друг. Тоа е основата на здравата љубов и делот од нашето создавање од Бога како негови икони. Свети Василиј Велики ни порачува дека вистинската љубов не е тоа што го правиш во своја корист, туку тоа што го правиш за тој/таа што го/ја сакаш, телесно и духовно.

Вистинската љубов го поддржува целомудрието. Православното христијанство подразбира дека сексот е добар и дека отсекогаш претставувал посебен дар за создавање. Но, како и секој друг дар, може да биде искористен на здрав или болен начин. Учењето на Црквата ни покажува како да го искористиме дарот на сексуалноста на здрав начин. Православието ги нуди некои од најпрогресивните и најздрави совети кога се работи за сексот. Во срцето на сите овие совети се наоѓа применувањето на целомудрието. Модерната љубов вели дека слободата да правиме што сакаме сексуално е здраво. Целомудрието нѐ упатува на тоа дека ќе ја пронајдеме вистинската слобода и вистинската љубов само тогаш кога ќе ја надминеме потребата за разуздана сексуална поради поголемо добро за тој/таа со кои сакаме да бидеме во вечна заедница. Поради оваа причина, целомудрието вели ,,Не!” на сексот надвор од бракот и на нездравиот секс внатре во бракот, затоа што вистинската љубов се стреми кон нешто поубаво отколку самото себично задоволување на страста. Блажениот Августин Ипониски нѐ потсетува дека Целомудрието, или чистотата на срцето, завзема сјајно и истакнато место помеѓу доблестите, затоа што таа самата му овоможува на човека да го види Бога. Затоа што Вистината самата рече: „Благословени да се чистите по срце, затоа што тие ќе го видат Бога”.

Целомудрието ги штити луѓето од тоа да бидат предмети за искористување или пак да постанат нечуствителни за вистинска љубов. Нѐ учи за тоа да сакаме на начин на кој нашите животи ќе добијат на значење. Вистинската љубов ја применува девственоста поради тоа што сфаќа дека позади секое „НЕ!“ коешто Бог ни го дава лежи многу поголемо и поубаво „ДА!” Секоја личност, без исклучок, може да го почувствува тоа „ДА” на вистинската љубов коешто е дар што произлегува од девственоста. Ваквата вистинска љубов е далеку поцврста и поисполнителна од сѐ останато што произлегува од масовната култура. И спротивно на популарното верување, целомудрието води кон здрав сексуален живот.

Вистинската љубов нѐ прави ранливи. Вистинската љубов никогаш не е „сигурна”. Таа никогаш не ја крие искршената реалност на светот. Ако некого љубиме, тоа само по себе не нѐ прави совршени, ниту пак ги сокрива нашите мани. Вистинската љубов нѐ прави ранливи и ги вади на површина нашите најдлабоко скриени слабости, за да ги промени во нешто убаво. C. S. Lewis го има напишано следново: „Да сакаш вистински значи да бидеш ранлив. Кога ќе засакаш некого, твоето срце ќе започне да се извиткува, а многу е веројатно и дека ќе се скрши. Завиткај го внимателно со разни хобија и ситни луксузи; избегнувај ги сите попатни врзувања. Затвори го на безбедно во својот ковчег на себичноста. Но, таму, во тој ковчег, во таа безбедна, мрачна, неподвижна средина, без можност да дише, твоето срце ќе се промени. Тоа веќе нема да се крши. Ќе стане нескршливо, непробојно, непоправливо.

” Православното разбирање на љубовта ни укажува дека таа е патот кој Бог го одредил за нас; за ние да станеме личности какви што Бог би сакал да бидеме. Овој вид на љубов е многу повеќе отколку вљубувањето. Многу повеќе од романса. Многу повеќе од сексот. Вистинската љубов е подвижнички избор да ги живееме нашите животи како дар од Бога. Љубејќи вистински всушност правиме избор да го подредиме секој аспект од нашиот живот кон другата личност. На овој начин, вистинската љубов не е само состојба на ранливост на срцето, туку станува и извор на лекување.

Сетете се на зборовите на Митрополитот Калист Вер: „Во нејзината најдлабока смисла, љубовта е живот, енергијата на Создателот во нас.” Историјата покажала дека оваа енергија има способност да го промени светот и покрај сите тешкотии што владееле. Вистинската љубов има сменето од корен многу животи претходно и може да го прави тоа уште безброј пати во иднина.

Затоа, следниот пат кога некој ќе ви ја спомене „Педесет нијанси на сиво”, со смирение и блага мудрост спомнете им за вистинската љубов според Христа. Андреј Естоцин Превод: С.Т.
Извор: http://agapi.mk/pedeset-nijansi-na-hristijanska-ljubov/#



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2041
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2561
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Стражарејќи над умот свој,срцето одморено ти стана пристаниште за Бога и ближниот, о Дионисие архиепископу,во жртва целосна за Христа спремна,те...

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная