До Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА
Отворено писмо за благослов и поддршка во зачувувањето на нашите поколенија
Вaше Блaженствo,
Вaши Висoкoпреoсвештенствa
Како ваши деца, како православни верници и родители на малолетни деца, по втор пат ви се обраќаме токму Вам, на духовните пастири на нашата Црква, пред кои вашата паства има да изложи еден голем етички и верски проблем, а во врска со присилната вакцинација на децата во Република Македонија. Истовремено сакаме да ви ја искажеме нашата сериозна загриженост од притисоците, навредите и заканите, како и дискриминацијата која овој систем ја врши најдиректно врз нашите невакцинирани деца. Нашето јавно прокламирано поинакво становиште околу задолжителната вакцинација и избегнувањето на самиот неприроден чин наречен имунизација, за нас родителите значи и јавна осуда. Истата таа јавна осуда се врши и врз нашите деца кои системски почнуваат да ги одалечуваат од образовниот систем во нашата држава. Притоа се надеваме дека, како духовни пастири, овој пат ќе се произнесете по однос на овој и тоа како сериозен и неизбежен за разрешување проблем, од којшто зависи здравјето и иднината на децата, дури и без ни најмалo претерување - на нацијата! На кусо би Ви ги предочиле следниве факти:
1. Состав на вакцините:
- Вакцините за болестите DTP (дифтерија, тетанус, голема кашлица) и MMR (мали сипаници, заушки, рубела) содржат ткива од абортирани фетуси, ознаки WI38 и MRC-5 (WI38 - абортиран три месечен женски фетус, MRC-5 абортиран машки фетус). При изборот на овие фетуси учествувале повеќе добороволни брачни двојки, на кои што претходно им е проследена здравствената историја како родители, генетика, прележани болести, за кај фетусите да не постои сомнеж од некаков вид на пренесување на било каква болест. Абортираните фетуси се извадени живи, значи не се работи за мртвородени неколкумесечни бебиња или спонтан абортус, туку свесни и доброволни абортуси со единствена цел: добивање на антитела за вакцините. Овие фетуси или некои од нивните ткива, по направена медицинска интервенција, биле одржувани уште некое време во живот лабараториски, затоа што антителата може да се добијат само откако жив организам претходно ќе биде инфициран со некој вид на вирус.
Ваквите поразувачки факти се косат со нашите најдлабоки верувања како православни христијани: дали ова значи дека државата поддржува абортус и убиство?!?
- Во составот на вакцините меѓу другото има наведено и Медиум 199 (витамини, аминокиселини, телешки серум, човечки крвни протеини-рекомбинантен човечки албумин), VERO клетки (клетки од бубрег на нормален возрасен зелен мајмун), polyribosylribitol phosphate (кај женски заморчиња предизвикува стерилитет, кај машки атрофија на тестиси), трометамол (аналгетик контраиндициран кај деца, со несакани ефекти како депресија, халуцинации, крварења, проблеми со дишење, крв во урина).
- И на крајот тука се отровните конзерванси како составен дел на секоја вакцина, а кои вештачки произведените вируси ги одржуваат во живот: формалдехид, кој се продава и како отров за глувци (оштетување на нервите, црниот дроб и бубрезите), жива како дел од живиното соединение Тимеросал, Алуминиум хидрооксид, Антифриз и др.
Кога сите овие состојки се вбризгуваат директно во крвта, се одвиваат несакани мутации на одредени ткива и органи кај вакцинираните единки. Овие генетски мутации никој, па дури ни медицината нема сознанија, какви штетни и несакани последици имаат во моментот, а и какви несакани последици би имале за идните поколенија, т.е. за потомството, односно се поставува прашањето: дали генерациите кои доаѓаат, а со таков вид на генетски мутации кои едноставно помалку или повеќе се неизбежни по вакцинирањето, би имале воопшто потомстово и доколку би имале, какво потомство ќе имаат?!?
Во Збирните извештаи на вакцините од самите производители, кои се регистрирани и во Македонија, а во делот на несаканите ефекти ги сретнавме следниве застрашувачки работи: астма, алергија, анафилактични шокови, менингитис, парализа, тромбоцитопенија, смртност, дијабет, канцер, автоимуни заболувања и заболувања на штитните и витални жлезди, аутизам, SIDS (синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња, под неразјаснети околности), леукемија, неуропатии, паротити, итн., итн.
Изворот на информациите за составот на вакцините, како и нивните несакани ефекти се добиени исклучително од самите производители на вакцини, односно од фармацевските коропрации: Sanofi & Pasteur, GSK, Merck, BulBio, кои се употребуваат кај нас.
2. Од што тоа всушност вакцините ги „штитат” нашите деца?
Во последно време речиси и да нема посериозна медицинска студија која не укажува на тоа дека денешните деца на возраст до 5 години имаат такви сериозни здравствени проблеми и болести кои што одговараат на здравјето на 70 или 80 годишен човек. Овие заболувања посебно се забележани од страна на родителите по извршена вакцинација кај своите дечиња.
Ние како родители, кога би избирале помеѓу сипаници и заушки наспрема дијабет, аутизам, леукемија, сигурно би избрале болест која што трае неколку дена и се лечи со поголеми дози на “C” витамин, поздрава исхрана, чист воздух, чиста вода, отколку детето да ни добие, не дај Боже болест, за која што денешната медицина нема трајно решение, односно излекување, туку само одржување во живот со доживотни медицински третмани. Ќе се обидеме накусо преку конкретен пример да предочиме што точно се случува и како вакцините ги „штитат“ нашите деца:
За да се продава одреден производ, за него мора да постои потреба. Кога станува збор за лек, за него мора да постои болест. Ако таа болест е нормален дел од процесот на растење и формирање на имуниот систем, тогаш лекот нема да биде профитабилен. Но ако болеста е тешка, со компликации, трајни последици и смрт, тогаш лекот ќе стане есенцијален. Значи:
Прво и основно, болеста мора да стане важна и затоа се потенцираат најтешките последици од неа.
Второ, се плаќаат битни медицински авторитети кои во јавност ќе зборуваат за опсноста од таа болест и се плаќаат студии за поткрепа на нивните тврдења и
Трето, кога потребата ќе биде создадена, решението ќе биде понудено
На таков начин се брендираа морбилите, кои се мали сипаници и како деца сме ги прележувале без проблем и потоа како мајки сме можеле да ги заштитиме нашите новородени. Тоа беше нормална детска болест која беше пожелно да се прележи како помал. Потоа се создаде вакцината против мали сипаници и тие одеднаш станаа многу важна и тешка болест, против која, за среќа имаме лек/вакцина. Генерации се вакцинираа со вакцина чии имунитет има рок на траење од 2-7 години (максимум 10 години со сите ревакцинации и бустери), верувајќи дека се доживотно заштитени. А за апсурдот да биде уште поголем, самиот производител на истата вакцина која треба нели да не штити, наведува: не постои гаранција дека вакцинaта штити.
Ова е еден ноторен факт, а уште поголем од него е оној на родителот кој врз себе, односно врз здравјето на своето дете ја осетил острицата на мечот наречен „јавно здравје, колективен имунитет, имунизација“. Сиве овие изрази се митска оставштина, а благодарение на денешните услови на живот (чиста вода, дом, одвод, довод итн) се нешто што е одамна надминато и медицината многу пати до сега го докажа. Медицината во светот, каде задолжителното вакцинирање е надминат атак врз човештвото.
3. Поради горе наведеното многу од родителите веќе имаат изградено став по однос на вакцинацијата на своите деца, а многумина од нас се и со горко животно искуство
Па токму затоа, почитувани наши духовни пастири на нашата МПЦ ви се обраќаме уште еднаш токму Вам со молба за поддршка и заштита од силниците во системот, од медицинарите и законодававците кои си земаат за право да вршат разни незаконски дејства и дејства кои се спротивни на Уставот на РМ како највисок законски акт. Примерите преку кои системот врши притисок врз нас и нашите деца, начините преку кој ни се заканува и не дискриминира секојдневно се зголемуваат: неприфаќање на упис во градинка на невакцинираните деца, неприфаќање на упис во основно училиште, со што се врши противуставно санкционирање. Исто така, незаконски, поради одбивање на вакцини или нецелосно вакцинирање на родителите со трето дете, целосно им е укинато правото на додаток (финансиска помош) за трето дете, што е уште еден тотален апсурд - дали тоа значи дека третото дете престанува да биде трето доколку не е вакцинирано?!
Ваквата очигледна, од државата наметната дискриминација, во името на некакви имагинарни и со ништо конкретно поткрепени цели (“јавно здравје“- како преседан на некакво “јавно право да се уредува се и сешто“) се случува овде и сега, во 21 век во т.н. слободна и демократска Македонија! Истовремено, институциите создаваат клима на омраза меѓу самите граѓани, односно оние кои се “за“ и “против“ вакцинацијата, па сведоци сме на предлози за “обележување на невакцинираните деца“, “нивно двоење во текот на цел образовен процес“ – практично нивно гетоизирање. А сите добро знаеме што претставува “ГЕТОТО“ и кон што води...
4. Задолжителна вакцинација немаат следните земји од ЕУ:
Австрија, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска и Англија. А во останатите земји од ЕУ по број на задолжителни вакцини состојбата е следна: Белгија-1, Бугарија-9, Чешка-7, Грција-4, Унгарија-8, Италија-4, Латвија-12, Малта-3, Полска-8, Романија-7, Словачка-9, а Словенија-7 задолжителни вакцини. Кај нас бројката е 29, и сите задолжителни со закон! Зарем здравствена фела во земјите каде вакцинацијата е право на избор и нивниот правен систем се понеобразовани, или можеби понегрижливи, од нашите медицински експерти и институции на системот!? За разлика од кај нас, каде законот за Заштита на населението од заразни болести влече корени од еден стар социјалистички систем уште од времето на СФРЈ, секаде во светот поради причините изложени горе, вакцинацијата е ИСКЛУЧИВО право на избор на родителот или од истите загрижувачки причини допуштени се верски, филозовски и медицински исклучоци.
5. Согласно сето погоре изнесено, како загрижени родители неодамна поднесовме:
а) Иницијатива до Уставниот суд за промена на Законот за заштита на населението од заразни болести, во делот за задолжителна вакцинација.
(Иницијативата беше одбиена од страна на уставните судии со НУЛА контра аргументи)
б) Кривична пријава против Министерството за здравство заради пуштање во промет штетни средства за лекување, односно во нашата држава низ години се употребува вакцина со сомнително потекло од бугарски производител кој е суспендиран од страната на СЗО. Истата таа ДТП вакцина, а која ја примаат бебињата на возраст од 2, 3 и 5 месеци, во себе содржи 35 пати поголема количина на алуминиум од дозволеното, и жива, која е апсурдно да се инјектрира. И, истата таа ДТП вакцина со која ги вакцинираат децата во Македонија, не е регистрирана/неодобрена.
в) Кривична пријава против Министерството за здравство заради пуштање во промет штетни средства за лекување, овој пат за вакцината БСЖ која се прима уште во родилиштата, а која исто така не е регистрирана/неодобрена и е од истиот бугарски производител.
г) Претставки до Јавното Обвинителство на РМ по споменатите две кривични пријави, за непостапување од страна на судиите од ЈО во законски предвидениот рок (се уште без никаков одговор).
д) Претставка до Комисијата за заштита од дискриминација на РМ, а за заштита на децата по вакциналниот статус во градинките
ѓ) Претставка до Комисијата за заштита од дискриминација на РМ, а за заштита на децата по вакциналниот статус во училиштата
Поради горенаведеното, ние како православни верници и родители сметаме дека најголема заштита на своите деца и одговорноста за нивното здравје Бог ни ја предал во наши раце, затоа што низ устата на светиите свои вели: “Бог на луѓето им даде најголем благослов – да бидат состворители. И на нам, и на нашите родители, баби, дедовци, прадедовци – се до Адам и Ева, Бог ни дозволи да бидеме створители: да примаме тело и да даваме тело. Бог ни ја дава душата.” (св. Пајсиј Светогорец). И токму поради ова, уште еднаш ви се обративме Вам, Ваше Блаженство и на членовите на Светиот Синод на нашата Црква, Вие - наши духовни пастири, да ни помогнете во нашите заложби во борбата со законски наметнатата вакцинација, која треба да биде право на избор на секој родител во оваа земја, што секако воедно е и демократско и етично право, барајќи од Вас како наш архиепископ, како од грижлив отец за своите духовни чеда, закрила од злото кое демне над нашите најмили, над нашите деца, наследниците и на Црквата и на државата. Ја просиме Вашата поддршка, Бог ги знае и помни нашите дела, кои секако се за суд во Неговата љубов од која се трудиме да не отпаднеме, и затоа го просиме Вашиот благослов и поддршка.
Родители кои се залагаат за правото на избор за вакцинација