Треба уште еднаш да се замислиме над заповедта на апостолот за постојана молитва
Откако ќе завршиме со молитва, или откако ќе „отстоиме“ на богослужба, ние обично почнуваме да се гордееме. Нашите молитвени паузи се исполнуваат со високоумие, стекнато од штотуку завршената молитва, односно тие паузи се исполнуваат со одрекувањето на смислата на молитвата: ние штотуку завршивме со многукратно повторување на „помилуј ме“, а во настанатата пауза ние задоволно и изморено воздивнуваме, без воопшто да имаме на ум дека треба да бидеме „помилувани“.
Прекинувањето на молитвата создава благопријатна почва за никнување на гордоста.
Потоа во нас се пројавува некаква особена послемолитвена лекомисленост и негрижа („јас се помолив, и сега е се во ред“), од кои произлегуваат сите оние послемолитвени искушенија, за кои постојано предупредувале светите отци.
Во постојаната молитва се содржи духовната логика на молитвата којашто, пред се, е поврзана со вкоренување на совршената искреност на нејзиното смирение, т.е., се содржи самата суштина на молитвата. Јас не можам а да не се молам постојано, зашто мене, имено, и ми е потребна постојана Божја помош.
И зошто јас треба да се гордеам ако постојано ја барам таа помош? Па, ние не се гордееме со своето физичко дишење, со неговата непрекинатост, ние умствено воопшто не го забележуваме нашето дишење, не го оценуваме – ние просто дишеме. Така и молитвата треба да стане незабележлива простота на постојаното дишење.
Д-р Драган Михајловиќ