логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Zarko.G.Raslabeniot1

15. март 2026. година
Преподобен Агатон Египетски
Недела Крстопоклона
(III Недела на Великиот Пост)
Марко 8, 34-38

† Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Благочестиви христијани,

Zarko.G.Raslabeniot4


        Во оваа недела, светата Црква ни дава поука и поткрепа за да истраеме во нашиот подвиг – да истраеме во прочистувањето на телото и душата со пост и молитва. Господ Исус Христос вели: „Без Мене не можете да направите ништо." (Јн. 15, 5), а светиот апостол Павле појаснува: „Сè можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи." (Филип. 4, 13) Без Божја помош не би можеле да ги практикуваме добродетелите кои до сега сме ги правеле. Радоста на воскресението и надежта за вечното Царство Небесно и живот вечен во незалезниот ден на Христовото блаженство, ни дават сила уште сега, на земјава, да ги совладуваме секојдневните пречки и слободно да газиме боси по трњето на страста и сластотите од овој век, за да стигнеме чисти до изворот на животот. Христовиот пат е тежок и мачен за оние чии срца се прилепени за земното и тој пат не може да го помине секој – мнозумина се губат и талкаат по прашините на гревот.

      Затоа, светиот апостол Марко ни ги пренесува зборовите Господови, Кој вели: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене." (Мк. 8, 34)
Се прашуваме: Како? Како да го постигнеме ова? Посетуваме храмови, учествуваме на богослужби, слушаме проповеди и прифаќаме поуки на светите оци, и потоа излегуваме во светот, и повторно се прашуваме: Како? Еве денес, евангелистот го пренесува Христовиот начин и вели: „Кој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе..."
Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги тера со сила луѓето да трчат по Него, да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат. Потребна е слободна одлука, односно да сакаш да одиш, и да го изодиш до крај патот Христов. Одрекувањето од себеси е самопрегорно предавање на сопствената волја во служба на Бога и ближниот – себежртвата е основното и прво евангелско барање. Барањето за себеодрекување е барање да се одречеме од лажниот себеси, од лажната слика и привид во кој живееме во светот. Себеодрекувањето е преумување, давање на животот нова димензија и смисла. Да го разбереме животот како вистински и единствен пат, еден и неповторлив, а Христос како наш Еден и Единствен Пат-водитeл.

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво. Но, Христос е нашиот пример и Он пред го земал крстот – нашиот, обременет од нашите безумија и тргнал повторно да не направи луѓе. Дошол да биде Патот, Вистината и Животот. Дошол за да биде прв во маките и прв во славата – за да покаже дека невозможното може да стане вистина.

      За да се оди по Христа, не е доволно да се одречеме од самите себе. Освен ова, потребно е да сме подготвени за секаква жртва, па дури и да се жртвуваме себеси заради остварување на возвишените начела на Христовиот морален идеал. А токму таа пожртвуваност можеме да ја потврдиме со смирено носење на сопствениот крст, односно со сите неволји, тешкотии и жалости кои не пресретнуваат во животот. Не е можно да се оди по Крстоносецот Христос, без својот личен крст. Сите кои одат по Христа задолжително го носат и својот крст. Таквиот животен крст е обременет со секојдневни неприлики и толку многу е сраснат до вистинскиот христијанин, така што, таму каде што е христијанинот, таму е и крстот, а каде што го нема тој крст, го нема ниту вистинскиот христијанин. Според зборовите на свети Теофан Затворник, кој поучува: „Христијанинот сека да се избави од ропството на силниот непријател, а зарем тоа може да помине без борби и страдања? Христијанинот оди спротивно од целиот светски поредок кој го опкружува, и на тој пат има многу неприлики и тешкотии! Затоа, да се радуваме што го чувствуваме крстот врз себе, бидејќи тоа е знак дека одиме по Господа, по патот на спасението, во рајот."
Сознанието дека секој има свој крст е добро и спасоносно за животот на православните христијани, но стравот кај секого дека неговиот крст е најтежок, го прави животот уште потежок, па дури и очаен, па наместо христијански јунаки и подвижници, често пати имаме духовно раслабени личности и морални инвалиди. Но, зарем е можно толку да сме ополтоварени? Бог секогаш ни дава крст, кој можеме да носиме, бреме со кое можеме да се справиме. Тежината ја одредува единствено Бог и тоа само, и само, од љубов кон своите создадија. Ние, пак, ако сакаме можеме да ги направиме своjот крст полесен, само ако сакаме можеме да Го повикаме Господа на помош и Он доаѓа, помага, крепи, охрабрува, исправа на вистинскиот пат и не дозволува да потклекнеме под секојдневните грижи. Само тогаш, носејќи го сопствениот крст, христијанинот пред себе го гледа благиот лик на Спасителот и ја чувствува Неговата сила и милостива десница. Тогаш, стравот исчезнува, трпливоста пат се претвора во рајска патека, а крстот – од товар, се претвора во скапоцен украс на нашиот живот.

Христос вели: „...нека го земе крстот свој и нека оди по Мене!" Да се оди по Христа значи: да се биде со луѓето и меѓу луѓето – да се пројавува на луѓето образот Божји. Тоа значи да се стане призма низ која светлината Божја ќе се разлева на сите луѓе околу нас. Да се следи Христос и да се оди по Него значи – заедно со Христа да се преживее сето она што Он го преживеал; последните денови од Неговиот живот; отфрлање од народот, плукањата и плукања, и на крајот маки и смrt на крстот; маките на крстот поради кои извикувал: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Ме оставил?" (Мт. 27, 46) Тоа значи доброволно препуштање на волјата Божја, односно ако од нас се бара жртва, да ја поднесеме тоа како Авраам кога требало да го жртвува својот син; ако настанат големи катастрофи, да ги поднесеме тоа како Нoe; ако не сваќат секакви тешкотии, да ги поднесеме тоа како Јов; дури и ако пат водат на погубување заради Христа, да Му благодариме на Бога, како што тоа претходно го правеле издајници маченици и исповедници пред нас. Бог од нас не бара беспотребно страдање, но распнување на стариот огрешовен човек. Со распнувањето и умирањето на гревовното битие со сите негови лоши навики, се раѓа нашето ново, богоподобно битие, или како што вели свети апостол Павле: „Како што се умножуват Христовите страдања во нас, така се умножува и утехата наша преку Христа." (2. Кор. 1, 5)
Да се потсетиме, ако не го земеме крстот и не тргнеме доброволно, исто kako и Христос Го земал Својот крст доброволно; ако не тргнеме кон сопствената Голгота, нема да страдаме, ако не го умртвиме лажниот живот во нас – нема ниту да воскреснеме. Ако не го поминеме трпливоста пат и не го распнеме огрешовениот човек – нема да воскреснеме, ниту да бидеме со Бога.

Zarko.G.Raslabeniot7

Да се откажеме од својот заблуден живот, да научиме дека поважно е да се спаси душата, отколку да го добие целиот свет. Само така ќе се удостоиме, според милоста Божја, да го видиме Царството Небесно – големо во силата, непосредно во славата, каде што ангелите и светиите донесоносно го прославуват животот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух.

Амин.

15.03.2026

Друго:

Божествена Литургија во храмот на св.вмч.Димирти во Скопјје

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2579
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2899
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 5169
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

02/05/2026 - сабота

Преподобен Јован Ветхопешчерник; Светите маченици Христофор, Теона и Антонин; Свети Трифун патријарх Цариградски; Преподобниот маченик Агатангел; Преподобен Симеон Босиот; Блажена Матрона Московска ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная