логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Grigor.Prlichev

Григор Прличев е најобразованиот и најталентираниот писател на македонскиот деветнаесетти век, трагична фигура на гениј без своја татковина и свој кодификуван јазик, како и сите наши преродбеници.
На 25 март 1860 година, на големиот поетски конкурс во Атина, патријархот на грчката романтичарска поезија и критичарот Рангавис, соопштува дека победник на конкурсот е поемата „Сердарот“ („О Арматолос“), напишана на беспрекорен грчки јазик. Во тој миг тој не знае дека добитникот е Македонец од Охрид, студент по медицина во Атина, Григор Прличев, за кого во преполната сала угледни поети што очекуваат резултати – нема столче за да седне. Според мислењето на Рангавис, Прличев е најголемиот епски поет во Грција во деветнаесеттиот век – „втор Хомер“ (девтерос Омирос); тој тврди дека „поемата е творба на чудотворно длето и дека секој стих таму е чист бисер.“
Тој збор – „длето“, Рангавис го употребува без да може да знае за она длето на Пејчиновиќ што длабело по камењата, само за да остави сигнали до потомството и да го зачува родот од заборавот, а за кое пишував минатиот пат. Рангавис не можел ниту да претпостави дека вториот Хомер, Македонец од Охрид, нема да им подлегне на славата и на понудата да ги продолжи студиите во Западна Европа на грчка сметка, дека ќе ја одбие понудата да стане светски човек (се разбира како Грк) и дека, наместо во Оксфорд, ќе се врати во својот темен Охрид, за конечно да се пресмета со елинофилството, затоа што длабоко во себе знае дека не е Грк. Поттик плус ќе биде веста за смртта на неговите учители, браќата Миладиновци, кои поради грчките (фанариотски) клевети дека се руски шпиони, завршуваат во цариградските зандани.
Така, овој „нервик“, како што за себе вели, доброволно менува европска слава за македонска мачна просвета. Знаејќи дека не е Грк, тој утеха ќе најде во заедничката словенска борба (македоно-бугарска) против Патријаршијата, но конечно, кон крајот на својот живот ќе се разочара и од Егзархијата, сфаќајќи дека таа го задушува македонството.

Склон кон меланхолија и рицина, овој Хомер без свој јазик, по низата мечтаења да создаде општ словенски јазик (еден вид словенски „есперанто“) на кој се обиде да ја препее својата поема, резигнирано ќе констатира дека на грчки пеел како лебед, а на својот јазик не може да пее ни како був! Трагедијата на некодификуваниот литературен јазик се гледа низ судбините на сите македонски просветители на деветнаесеттиот век, но најсилна е кај Прличев. Овој поет, растргнат меѓу една голема и славна култура (на која ѝ одржува лекција по поезија и стилистика) и домашната непросветеност, ќе работи деноноќно како учител и проповедник, но често ќе паѓа и во разочарување од сопствениот народ, оној за чие добро ја жртвувал личната слава, а попаѓал и во зандани. Во едно писмо ќе запише: „Ако народот беше развит, то би ми воздигнал (не се срама да го река) монумент“.
Поемата на Прличев денес ја имаме на македонски јазик во два препева: на Георги Сталев и на Гане Тодоровски. Таа поема е дел од европските книжевни вредности и стои рамо до рамо со најголемите дела на јужнословенскиот романтизам: „Горскиот венец“ на Његош кај Црногорците или „Смртта на Смаил-ага Ченгиќ“ на Мажураниќ кај Хрватите. Но не е напишана на македонски. Тоа е трагедијата на Македонецот во деветнаесеттиот век: тој е лингвистички поеманципиран од сите соседни народи и нивните шовинистички пропаганди, зашто во секое време говори и пишува, дури и беспрекорно – на бугарски, српски, грчки. Но тоа не е неговиот јазик, неговата „звучна татковина“. До кодификацијата ќе мора да се чека уште осум децении, од оној момент кога Прличев го понесува лавровиот венец околу вратот.

Човекот кој е автор на поемите „Сердарот“ (1860) и „Скендербег“ (1861), „Автобиографијата“ (1885), преведувачот (во обид) на Хомеровата „Илијада“ и „Одисеја“, на „Ослободениот Ерусалим“ на Торквато Тасо и „Бесниот Орландо“ на Лудовико Ариосто, со пламена народна акција и проповеди, со учителствување, со жива и пишана реч – ќе биде пресуден фактор за конечниот пораз на елинофилството во Македонија. Елинизмот е поразен токму од оној што на елински пееше како лебед, и тоа токму во – Охрид, неговиот роден град.
Прличев постепено го осознава својот македонски идентитет. Постојат и пишани документи во кои тој, внимавајќи на опасноста што подоцна, по поразот на елинофилството демне и од бугарска страна, доста вешто, но и јасно говори за себе како Македонец, користејќи ја метафората „мајка Македонија“ (како во словото за Кирила и Методија што го држи во Солун):
„Мајка Македонија многу е ослабната. Откако го породи великаго Александра, откако ги породи светите Кирила и Методија, оттога мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнеможена, совршено примрена Мајка што родила великаго сина, но дали ќе може да роди и другего? Затоа толку ретко се на светот великите мажи. Цели просветени држави во текот на педесет години одвај можат да произведат еден велик маж.“
Конечно, она прво „не“ на Грците, кога одбива сјајна кариера на студент во Оксфорд, Прличев им го повторува, во „културен“ стил, и на Бугарите. На поканата да соработува во софискиот политичко-општествен и книжевен весник „Балкан“, тој одговара:
„Вашето канење да учествувам во издавањето на в-к ,Балкан’, колку и да беше скокотливо за мене, долго време, меѓутоа, се борев со својата волја: да примам или не? Моите слаби сили не одговараат на мојата горешта ревност. Лишен од секаков бугарски речник, оригинален во јазикот, стародревен во правописот… уште повеќе ослабнат од долгогодишното и бесплодно елинско учење, од судски расправања со несвештени свештоначалници, од ужасни темници, од тежината на годините и на веригите, огорчен од груби критики, изнурен од расипаниот воздух на лошо соградени и лошо поддржувани училишта, а притоа презадоволен од учителската плата, грижен за напредокот на 117 ученици, зафатен со по пет часа на ден со професијата своја, професија по моему многу посериозна од секоја друга (…) – имав право, или подобро да кажам, должен бев да се одречам.“

Суштината е во онаа стилска мајсторија, првата подметната реченица: Лишен од секаков бугарски речник, оригинален во јазикот, стародревен во правописот… Никаде не сум прочитал поубава дефиниција за македонскиот јазик: 1. лишен од бугаризми, 2. оригинален и 3. стародревен! Прличев, наведувајќи во наниз сто други лажни причини за одбивањето, додека се сетат Бугарите, им кажува уште во првата реченица дека не е Бугарин, туку Македонец. Е затоа не го бараат ни Грците ни Бугарите. Би сакале да го заборават. И кога веќе Бугарите тврдат дека учителите на Прличев биле Бугари (а за нив тој се откажа од светска слава), зошто да не им го дадеме и ученикот? Со она негово тврдење дека е „лишен од секаков бугарски речник“. Би било убаво нашата комисија за заедничка историја на следниот состанок да им го понуди Прличев на Бугарите, а и на Грците. Да видиме малку како изгледа историски нервен слом на дело.

 23.05.2022г.

Извор:

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/zoshto-ni-grcite-ni-bugarite-ne-go-prisvojuvaat-makedonskiot-homer/?fbclid=IwAR1mpFdA9lb-6cL9zHx6avLSKb9R0nxo6rOhqNKXIAadv1HpSjtjLoaWpiI

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2033
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2555
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная