ЗАГАДЕН ГРАД
Има еден град во којшто луѓето се казнети на притвор на неопределено време, речиси бесконечно.
Има еден град претворен во првокласна гасна комора.
Има еден град прославен по карантинот што само силен ветер може да го прекине, природно, на два-три дена.
Има еден град во којшто излегувањето на отворено е опасно по живот
и неподносливо, затоа што смрди, труе, пече, гуши.
Има еден град кој го укинува правото на среќа.
Има таков град во којшто и слободата е казна.
Во тој и таков град, сега и тука, луѓето се осудени да бираат меѓу прерана смрт и егзил.
Принудени да бираат меѓу две зла, некои го бираат поголемото.
Никој не ја промашува смртта.
Ни слободата не е тоа што беше, ни животот.
фб Katica Kulavkova