ЧУДНО Е !!!
Чудно е како банкнота од педесет денари изгледа голема кога ја даваме како прилог во Црквата; а толку мала кога одиме во продавница со неа.
Чудно е колку долго трае еден час од Светата Литургија, а колку брзо поминува еден час од ТВ серијата или деведесет минути од фудбалскиот натпревар.
Чудно е колку лесно луѓето разбираат и пренесуваат озборувања за другите, а не ги разбираат псалмите.
Чудно е како ВЕРУВАМЕ во она што е објавено во медиумите, а се сомневаме во она што е напишано во Библијата.
Чудно е како луѓето молчат во театарот и киното, а за време на Литургијата не престануваат да зборуваат.
Чудно е како луѓето се облекуваат пристојно за во државни институции, а доаѓаат разголени во црква.
Чудно е што луѓето не ги слушаат своите духовни отци, а слепо им веруваат на гатачите и бајачите...
Поради сето ова, не треба да се изненадуваме кога Господ малку ќе нè потресе со искушенија...
Божјата љубов и милост се големи, па затоа Тој нè сака и толерира сите нас, иако сме толку чудни.
Преземено од ФБ профил
@Саша Сале Раданов
Православие.мк