Почитувани,
Друштвото за филмски професионалци на Македонија, како асоцијација овластена од страна на Американската академија за филмски науки и уметности, го заврши овогодишниот избор за национален македонски кандидат за наградата оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Комисијата избираше помеѓу филмовите “Трето полувреме” на Дарко Митревски (во продукција на Кино око), “Жената која ги избриша солзите” на Теона Стругар Митевска (во продукција на Систерс енд Брадр Митевски) и “Скопје Ремикс” на група режисери (во продукција на Ново македонско видео). Филмот “Балканот не е мртов” на Александар Поповски (исто така во продукција на Кино око) од технички причини навремено ја повлече својата кандидатура.
По подолга дискусија, комисијата со мнозинство гласови одлучи овогодишен македонскикандидат да биде филмот “Трето полувреме”, на Дарко Митревски (во продукција на Кино око)