НА ФЕСТИВАЛОТ ЗА АНИМИРАН ФИЛМ
Награда за македонски автор во Франција
Александар Џони-Шопов, македонскиот автор на цртани филмови, ја доби втората награда на конкурсот на Dailymotion за краток анимиран филм на Меѓународниот фестивал во Анеси, Франција.
По пет години работа во повеќе продуцентски куќи, првпат се пријавив на конкурс со самостоен проект и добив награда. Темата на конкурсот, Нозете во вода, главата во сликии ме инспирираше да направам комична критика на светот во кој живееме и во кој доминира сликата. Приказната на Picturless е следнава, еден ден, во малиот град Анси се појавува мрачниот демон на мракотт и им го краде на граѓаните она што им е најдрагоцено, не семејството и пријателите, туку сликите. Одеднаш граѓаните не можат веќе да играат видеоигри или да гледаат телевизија, па мораат да се занимаваат со други активности - музика, спорт, сликарство...", изјави триесетгодишниот Шопов, кој живее во Париз.
Трите први награди ги додели жири составено од американскиот режисер Бил Плимптон, генералниот директор на Cartoon Network studios (Калифорнија) Брајан А. Милер и главниот уредник на културната редакција на ТВ 20 Минутес, Стефан Леблан. -Вечер