21.04.2015, Скопје
Во рамките на Скопскиот филмски фестивал, вечерва ќе се одржи проекција на студентски филмови на Факултетите за драмски уметности од Скопје и Белград.
Проекцијата е закажана за 21:00h, односно 23:00h, во кино Фросина (Младински културен центар).
Влезот е слободен.
Ќе бидат прикажани следните студентски филмови од ФДУ Скопје: “Мама” во режија на Лидија Мојсовска, “Олеандер” во режија на Ана Јакимска, “Кројачи” во режија на Тамара Котевска, “Аудиција” во режија на Лавинија Софрониевска, “Шекспирова 9/1” во режија на Владимир Митревски и “Враќање” во режија на Дина Дума.
Од 23:00 ќе бидат прикажани филмовите на студентите од ФДУ Белград: “Кога овците би биле розеви” во режија на Ѓурѓија Радивојевиќ, “Девет дена” во режија на Страхија Савиќ, “Забавата е вечерва” во режија на Катарина Мутиќ, “Излез во случај на опасност” во режија на Владимир Тагиќ и “Брич” во режија на Рајко Ристановиќ.
Повеќе информации:
ФДУ Скопје: http://www.skopjefilmfestival.com.mk/#!-/ca53
ФДУ Белград: http://www.skopjefilmfestival.com.mk/#!-/crqy
www.fdu.ukim.edu.mk