Започна снимањето на краткиот игран филм “Чевли”
Продуцентската куќа КРУГ ФИЛМ, Ве известува дека вчера, 25.11.2015, започна со снимање краткиот игран филм „Чевли“, во режија и по сценарио на Бранко Костески. Снимањето на филмот ќе се одвива до 29.11.2015 на повеќе локации во Скопје.
„Чевли” е краток игран филм со жанровска одредница - драма. Протагонистот, Јован во младоста го посведочува нападот врз неговиот татко, од група на тинејџери, и немајќи храброст да се вмеша во тепачката, бега. Дејството на филмот се случува 25 години подоцна, кога таткото на Јован умира и му ги остава чевлите, највредното нешто што го поседувa, и оттогаш неговиот живот се превртува наопаку.
Актерската екипа ја сочинуваат Благој Веселинов, Диме Илиев, Роберт Ристов, Ана Костовска, Григор Јованосвки, Сергеј Димоски, Јаков Спасов и Стефан Петровски.
“Чевли” е во режија на Бранко Костески, директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Кирил Спасески, костимограф Милена Атанасова, шминка Симона Ристевска, композитор Бојан Петков, монтажер Владимир Павловски, а продуцент е Дејан Крајчевски.
Копродуцент на филмот е Факултетот за драмски уметности од Скопје, а истиот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија.
За повеќе информации, обратете се на 070 362 332 или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..