логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 Katica-Kjulavkova-

 

ИНТЕРВЈУ Академик Катица Ќулавкова: Македонскиот народ ќе се расее по светот побрзо од што мислиме!

17/01/2014

 

 

Националните интереси на Македонците денес во РМ се доведени во прашање. Се врши некоја чудна ревизија на структурниот идентитет на националната граѓанска и демократска држава, влезени сме во процес на дезидентификација и делегитимизација на стекнатите национални и граѓански права на Македонците, предизвикана со неукото и безрезервно прифаќање на концепцијата на мултикултурната држава, чиишто последици веќе ги чувствуваме. Енормни финансиски средства се трошат за работи кои во нормална граѓанска држава би се насочиле кон егзистенцијата, економијата, науката, образованието и културата. Младите образовани кадри ја напуштаат државата што ја доживуваат како бесперспективна. Треба еден радикален пресврт по однос на овој проблем, ако сакаме да го задржиме македонскиот народ во РМ. Во спротивно, тој ќе се расее по светот побргу одошто може да се замисли, вели во интервју за Фактор Академик Катица Ќулавкова.

Фактор На последната средба на премиерот Груевски со  претседателот на МАНУ  не присуствувавте  ниту Вие  ниту академиците  Фити, Петрески, Манџуков, Серафимовски, Абази …  Дали ова  се должи на тоа што дел  од вас важите за академиците, кои критички ја опсервираат работата на владата?

Ќулавкова Мислам дека на таа седница беа поканети поранешните претседатели на МАНУ и сегашното потесно раководство, Извршниот одбор. Така било и друг пат. Јас сега не сум ни секретар на Одделение, ни раководител на Центар, ни член на Претседателство, а ни екс претседател. Тоа е логиката.

Фактор Академик Ќулавкова во јавноста се има впечаток дека Академијата за  суштински  теми  премолчува, или пак не се произнесува.  На што се должи  ваквата тишина?


Ќулавкова Јас лично би сакала да бидеме повеќе присутни во јавноста, особено кога се работи за прашања од стратешки интерес за Република Македонија, за развојот на науката, уметноста и образованието, како и за специфичниот македонски национален интерес (културен, јазичен, историски, институционален, миграциските процеси, урбанизацијата, и сл.). Раководството ја насочува таа тековна политика на артикулирање на ставот на МАНУ по однос на некои актуелни и акутни прашања. Очекував годинава да имаме повеќе седници на Собранието на МАНУ, оти имаше неколку повода за тоа. Сепак, Академијата е свртена првенствено спрема научно-истражувачките проекти и тековните обврски и програмски активности. Ми се чини дека меѓу колегите преовладува стигмата дека јавното артикулирање на ставовите на МАНУ значи политизација на оваа врвна научна институција, па во клучни моменти, намерно се избегнува тоа. Јас сметам дека е невозможно да се избегне политичкиот аспект на нештата во секое демократско општество, затоа што секогаш или позицијата или опозицијата можат да се најдат засегнати. Кај нас е многу посложено оти се обидуваме да профункционира мултиетничката демократија, што е non sens, оти демократијата е граѓанска, а не етничка категорија. Тој парадокс произведува бројни последици за коишто сеуште не се свесни водечките фактори, или барем таа свест не влијае врз нивните развојни стратегии.

Од друга страна, МАНУ има и законски легитимитет, со научен дискурс и методологија, да укажува на последиците од системските аномалии на нашата држава. Има право и посебно да се грижи за македонските етнокултурни и национални интереси, оти е институција на единствената држава на Македонците. Народите кои имаат и други матични држави, можат да очекуваат тие нивните институции да се грижат за заедничкиот национален интерес.

И покрај тоа, националните интереси на Македонците денес во РМ се доведени во прашање. Се врши некоја чудна ревизија на структурниот идентитет на националната граѓанска и демократска држава, влезени сме во процес на дезидентификација и делегитимизација на стекнатите национални и граѓански права на Македонците, предизвикана со неукото и безрезервно прифаќање на концепцијата на мултикултурната држава, чиишто последици веќе ги чувствуваме. Енормни финансиски средства се трошат за работи кои во нормална граѓанска држава би се насочиле кон егзистенцијата, економијата, науката, образованието и културата. Младите образовани кадри ја напуштаат државата што ја доживуваат како бесперспективна. Треба еден радикален пресврт по однос на овој проблем, ако сакаме да го задржиме македонскиот народ во РМ. Во спротивно, тој ќе се расее по светот побргу одошто може да се замисли.

Фактор По лустрирањето на адемиците  Божин Павловски, Томе Серафимовски покојниот Славко Јаневски, не е исклучено уште неколку имиња на академици  да се најдат на тапет по  изборот на новата Комисија за ферификација на фактите. Стравувате ли дека и вашато име би можело  да се најде меѓу лустрираните?

Ќулавкова  Не, објективно, нема од што да страхувам.

Фактор Знаеме ли,  академик Ќулавкова,  да  го негуваме  македонскиот јазик?   Во  едно интервју  ќе изјавите дека  македонскиот  јазик мора да биде на прво место и секој граѓанин на Република Македонија е должен да го користи  првенствено македонскиот јазик .  Дали овде алудирате на  албанската етничката заедница која се помалку го користи македонскиот јазик особено во општините каде тие  се мнозинство ?

Ќулавкова  Македонскиот јазик е службен јазик за сите граѓани на РМ и на целата територија на РМ, како и за меѓународна комуникација. Друг службен јазик според Уставот, го нема истиот распон на должности. Македонскиот јазик не е само право, туку и должност на секој граѓанин на РМ. И на секоја институција.

Кај нас веќе неколку години произволно се толкува категоријата службен јазик за заедниците (малцинствата) чијашто популација е над 20 проценти од вкупната. Треба да се разграничи службен од работен јазик. Културно злосторство е да се принудуваат Македонците задолжително да употребуваат друг службен јазик, на пример албанскиот. Рамноправноста на албанската заедница во РМ поприма гротескни размери со империјалистичка и експанзионистичка тенденција. Младите Албанци не учат македонски, локалната самоуправа во Тетово, Струга, и сл.  дискриминаторски се однесува спрема неалбанските граѓани, пред медиумите се одбива македонскиот јазик од страна на албанските етнички партии, се заговара зборување на албанскиот јазик во Парламентот без превод, се дезавуира уставната должност во врска со употребата на кириличното писмо, се преведоа на друг јазик вековните словенски македонски топоними, се вршат притисоци и врз Македонците со исламска вероисповест, и.т.н.  Тоа не води кон соживот, не нуди перспектива, напротив.  Згора на тоа, албанските политички партии со националистички и дискриминаторски дискурси бараат да се дезавуира македонскиот јазик, а албанскиот јазик да биде задолжителен на целата територија на РМ.

Испаѓа дека нивната цел не е зголемување на граѓанските слободи на Албанците во Македонија, туку намалување до одземање на правата и слободите на Македонците. Оттаму и психолошкиот притисок врз Македонците дека се претвораат во малцинство во сопствената држава. А попис на населението никој не прави, иако е повикан со закон и должен да направи, при што треба да се постават некои параметри за тоа кој  може да биде граѓанин на Р. Македонија. Ако навистина во вакво државно опкружување Македонците исчезнуваат како народ, тогаш зошто не се превенира тој процес? Чија е оваа држава?

Фактор Стравувате од  можна федерализација?

Ќулавкова Елементи на федерализација во РМ има уште од 2003 година кога се донесе несреќниот Закон за територијална реорганизација, а всушност со тој закон Македонија е кантонизирана. Имаме полоша варијанта од федерализација.

Фактор Постои ли опасност од загрозување на македонскиот јазик, и идентитет  при изнаоѓањето  на решение за разликата за името со Грција?

Ќулавкова Проблемот со името на државата се претвори, во тек на 20 години, во проблем со идентитетот. Треба да се прашаме кому тоа му одговара? Дали само и првенствено на Грците? Јас не мислам така. Тоа прашање требаше да се реши истиот момент, а не да се допуштат две децении неизвесност, поделба, миграција, воен конфликт во 2001, промена на Уставот, нови закони, што се’ вкупно произведе нестабилна позиција на македонскиот идентитет во РМ, а им даде време и шлагворт и на другите соседи да поставуваат свои услови и да спроведуваат политики за заштита на своите интереси. Ние во Македонија го направивме табу ова прашање, затоа што во еден миг ја изедначивме модификацијата на името на државата во модификација на македонскиот идентитет.

Во основа, Македонците живееле во држави со многу други имиња па опстанале како Македонци. Денес многу повеќе е на удар македонскиот идентитет. Затоа треба да разговараме трезвено и со аргументи. Ако не е веќе доцна за било што. Оти менувајќи го идентитетот на нашата држава РМ (биетнички, бијазичен и сл.) ние всушност им дадовме претекст и покритие на ОН и на нивните претставници да го проектираат тој биетнички конструкт во нивните акти. Значи се движиме во лош правец. Во актите на ЕУ стоиме исто така незавидно, во графта на македонскиот јазик стои ФИРОМ. Еден амбасадор на ЕУ во Македонија еднаш јавно рече дека ако сега е македонскиот официјален јазик на РМ, по дваесет години тоа може да биде некој друг, затоа тие го пишуваат името на државата не на јазикот. Ние не се прашавме што суштински значи тоа и што треба да преземеме за да ги осуетиме тие процеси? Или некому му одговараат тие процеси?

Фактор Во пресрет на претседателските избори, некои  медиуми  пишуваа  дека владејачаката партија ,  кандидатот за шеф на државата ќе го одреди според неговиот став за името. Мислите ли дека ќе се најде „јунак“ кои ќе стави  свој  потпис за решение  на долгогодишниот спор?

Ќулавкова Тоа се наши внатрешни локални квази политики. Политичарите и кандидатите ќе го кажат тоа што од нив очекуваат гласачите, тоа е така во секоја политичка реторика. Но позицијата на претседателот не е решавачка, за жал, во овој поглед. Се плашам дека и овој демократски процес на избор на претседател на државата може да биде осуетен во интерес на голите дневни политички и бизнис интереси, што ќе биде погубно за Македонија.

Фактор Дали се согласувате со оценката на академик Урошевиќ дека  во Македонија не може да се зборува ни за маглата, без  да се западне во политичка дискусија?

Ќулавкова Да, тоа е таа стигма дека секоја отворена дебата и искажување на специфични и критички мислења се претвора во политика. Само практика на аргументиран дијалог може да го промени тоа колективно чувство на страв од политизација на нештата и од последиците од таа политизација. Луѓето се плашат од последиците (од политиката), не од самата политика.

Фактор Зошто, академик, Ќулавкова интелектулаците молчат?

Ќулавкова Меѓу другото и медиумите се затворени во тесни кругови, монотони, политички обележани. Нема човек желба да гледа македонска телевизија и да чита македонски печат, со ептен ретки исклучоци. Инаку интелектуалците кога зборуваат или сакаат да кажат нешто, или немаат простор, или ако имаат, стануваат жртви на инстанците кои одредуваат што е а што не е опортуно. Така, сите се изолираме и се свртуваме кон својата тесна научна или уметничка дејност.

Ч.Г.

 Извор: Фактор



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1911
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2424
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная