Одговара: отец Горан Стојчевски
Прашање од: С.Н
"Интелегенцијата зависи од емотивната состојба."
Дали е така?
Човек кој е во лоша емотивна состојба не може да постапи правилно ниту да реши проблем. А ако е хронично, тогаш станува и неразумен.
Мене ме воодушеви ова и знам дека е точно зашто мене ми се случи и можеби и сеуште ми се случува. Јас завршив на психолог пред неколку години. Се чувствував исфрустриран и глуп. И навистина тоа бев поради депресија. Психологот ми даде тест и јас не знав што да направам, се додека не ми рече направи го тоа што можеш, не мора по ред да е. И како почнав по нешто да решавам, така и другите работи ги направив, одеднаш решенија излегоа. Психологот ми рече, гледаш како го стимулираше умот и сега виде колку всушност си многу креативeни од ништо можеш да направиш многу.
Затоа мене ме инпресионира ова сознание.
Одговор:
Секако дека нашиот ум зависи од состојбата на срцето, ако срцето е чисто од страстите, умот ќе биде просветлен, но бидејќи ние ништо не можеме да направиме без содејство на Христовата благодат, за да се воспостави таа природна состојба на човекот дадена ни е молитвата Исусова која треба да се трудиме непрестајно да ја изговараме, како што велат светите Отци. Целта на христијанинот е да се соедини со Христа, совршениот Бог и совршениот Човек.
+++
С.Н.
„Интелегенцијата зависи од емотивната состојба, а емотивната состојба зависи од тоа дали си со Христа или не. Ако си со Него (односно бестрастен) емотивната состојба е добра, а ако не си со Него, страдаш и тогаш паѓаш со емоциите. Оттука произлегува дали интелегенцијата која ни ја дарувал Бог излегува на виделина.“
+++
Прашање од:Ивана
Pocituvani,
Bi sakala da se sovetuvam so Vas
Vo vrska so molitvenici..
Imeno citajki molitvi za smiruvanje na dusata custvuvajki podolg period na nemir poradi konstanten stres, zamor i delumno naruseno zdravje(mozebi kako pricina privatni problemi a kako posledica zaradi rabotni obvrski) dali mozebi treba da posvetam vnimanie,,(molitva) kon nekoj svetec konkretno bidejki greskite se redat vo niza sekojdnevno a toa e veke pregolem tovar za mene kako licnost...
Прашање од:Ивана
Bi sakala da dodadam deka pred eden mesec od prilika na son mi dojde Bogorodica koja mi se pretstavi (blazena ,mila ,sveta, preubava, me prasa kako se vikam i me pregrna vo zakrila vo momentot koga sakav da kleknam da se poklonam. Vo toj moment pocuvstvuvav olesnuvanje i cuvstvito bese neopislivo. Placev i od srekja i od pokajanie kon Majkata bozja neznam sto mi se sluci . Se pojavi svetlina vo mojot zivot za kratko. Po tri dena slucajno ja vidov na fb ikonata ista onakva kakva sto ja vidov na sonot. Doznav deka ja ima samo vo Strumica podarok od Sveta Gora edna od 5te vo svetot. Dali imate nekoj sovet vo vrska so ovaa nesekojdnevna situacija ,??
Vi se izvinuvam za moeto dolgo obrazlozenie i dokolku smetate deka ne e soodvetno za odgovor ve molam ne go zemajte vo predvid moeto obrakjanje.
Vi blagodaram,
So pocit,
Ivana
Одговор:
Она што е важно е дека секогаш на Свој и на секому различен начин Бог нѐ повикува на покајание, односно да ја возобновиме благодатта од крштевањето, и да ја бараме. Затоа најдобро е да направиме исчекор со исповед во храмот, пред духовен отец, т.е. најблискиот парохиски свештеник при храмот во близина, или некој манастир, да добиеме благослов за начинот на постот, молитвата, читање на Светото Писмо, посетата на Литургијата и причестување за да земеме реално и конкретно учество во крштението што сме го примиле, а заборавиле. Така, повеќе ќе се потпреме на духовниот живот, а не само да остане на сонот. Доколку сте во можност и по исповедта посете го храмот "св 15 Тивериополски маченици" во Струмица каде се наоѓа иконата на Пресвета Богородица. Отфрлајте ги помислите на немир и појдете на исповед. Секое добро во Бога.
+++
Прашање од: m.k
Почитуван,
Ве молам за совет:
Се обидувам да забременам па ме интересира дали можам да постам додека се обидуваме да добиеме бебе? Имам одредени датуми според доктор кога треба да се обидувам и тоа е скоро секоја недела (само не во периодот кога имам менструација)..
Значи конкретно прашувам за неделата пред причест, дали смеам да се обидувам?
Однапред благодарам!
Поздрав,
Одговор:
За воздржување пред да се прими причест е познато бидејќи сме во очекување да Го примиме Самиот Христос, Кој и Самиот вели, без Мене не може да направите ништо. Во останатите денови, треба да восогласите со духовниот отец каде што се исповедате, се надевам онака како што препорачуваат докторите и отецот како ќе благослови ќе се обидете да го држите постот според благословот. Да го ставиме Бога на прво место, а се друго ќе ни даде според нашето срце, не како заслуга туку како дар и благослов. Поздрав и секое добро во Бога.
+++
Прашање од: Дафина Васевска
Dobro utro, vi posakuvam ubav den od💝 I bi vi Bila blagodarna ako ste Vo moznost da mi dogovorite na moevo prasanje.. Dali ako si Vo zalost ne Se pricestuva..Mojot tatko I pocinat pred Edna I pol God. Do tri godini ne Se pricestuvalo ako si Vo zalost..a I za..postenjeto isto ????pozz. I Se izvinuvam sto vi dodevam.. Se najubavo od mene🙏🙋
Одговор:
Секогаш кога имаме благослов од свештеникот каде што сме се исповедале треба да се причестуваме, колку што е можно почесто, и на секоја Литургија, нема друг начин на чистење на нашите гревови и единство со Нашиот Господ како што тоа се остварува на Литургијата. И ништо освен неисповедан грев не може да не лиши од причестување.
Така, треба да се причестуваме и во радост и во жалост.
Прашање од: Дафина Васевска
Vi blagodaram I vi. Posakuvam ubav den..ako sakate ke ve molam NEKA ima uste edno prasanje...za stavite..sto se slavat.koga semejstvoto e Vo zalost...dali samo taa godinia (prvata) koga e pocinat bliskiot..I'll Ili tri God.kako sto bilo porano(Kako ke Se dogovorat dominate).. Po selata..pozz..I sekoe dobro😐
Одговор:
Важно е дали христијански се подготвуваме да го прославиме името или семејната слава на нашиот молитвен закрилник, а тоа значи дали за славата се подготвуваме со исповед, пост, молитвено правило, читање на Новиот Завет и причестување. Ако го вподобиме нашиот живот според животот на светителот кој го прославуваме како именден или слава, тогаш ќе се трудиме Христа да го имаме во себе, а ако Го стекнеме Христа од Него нема да нѐ разделат, ниту смртта ниту тагата, туку во радоста на тој христијански живот ќе ја гледаме надежта со вера во радост и со љубов кон Бога и ближните, живи или упокоени, и тогаш можеме секогаш да празнуваме оти веруваме во Воскресението Христово и ништо нема да прескокнуваме, оти секаде е Христос нашата надеж.
Друго:
Повеќе:
- Како да се однесуваш спрема својот ближен кога ти наесува неправда?
- Одговори на вашите прашања (01.09.2010)
- Како да се молам за моите деца?
Друго:
Одговори на разни прашања (2) - Старец Пајсиј Олар ...
Дрвото на крстот (Благочестиво предание за потеклото на дрвото на крстот)
Подвижнички поуки на свети Јован Лествичник (2)
Одговори на разни прашања (2) - Старец Пајсиј Олар ...
Свети Максим Исповедник: Подвижничко слово (Во прашања и одговори) ...
Отец Александар Шмеман: За верата и Откровението – Личното искуство