Те видов ноќеска на сон,
Убавице моја ,љубена моја сестро моја!
И ... се ти кажав.
Ти ја знаеш мојата мака,
А јас знам дека твојата љубов ќе ме исцели.
...Го љубам по сеќавање...
цртите на неговото лице го заборавив,
убавите , грдите спомени избледеа.
Од белиот фустан што за него го носев
остана болката во очите на моите чеда.
Топлината на огништето згасна .
Трпезата е сега полупразна.
Штуро е меѓу белите yидови
со толку чувства недовршени,
со толку потреби прекинати,
со толку насмевки замолкнати.
Како на децата да кажам?!
Зар изгонетиот ангел од рајот да победи?
Непријателот е тој што
мајката ја остава без чеда,
жената без чест,
старицата без утеха!
Остана борбата.
Заради Вечниот Младоженец,
Кој Не вика, да не прибере, стопли,
угости ,в брачна постела удостои
и Себе си да ни се даде.
Посветено на мојата духовна сестра
(M. Г.)
16-ти декември, лето Господово 2013
Друго: