Луѓето преку слободниот пристап до интернетот се повеќе читаат електронските изданија на книги. Во сиромашните земји на овој начин се загорчуваат и авторските права.
23.04.2014 15:28:53
Share on twitter Share on facebook Share on email Share on print More Sharing Services 0
Луѓето преку слободниот пристап до интернетот се повеќе читаат електронските изданија на книги. Во сиромашните земји на овој начин се загорчуваат и авторските права. На светскиот ден на книгата и авторското право академикот и писател Митко Маџунков укажа на важноста на создавањето , чувањето и ширењето на пишаниот збор оти тој има своја убавина и духовна вредност. Според него ако згасне вселената на зборуви , в час би згаснал и животот на планетата. Нагласи дека треба да се почитуваат авторските права, особено таму каде недостасува земна храна.
Некои луѓе често читаат книгата, други САМО доколку им се бара на факултет.
Дека има читателска публика потврдуват директорот на Националната универзитетска библиотека и генералниот секретар на Националната комисија на УНЕСКО.
Светскиот ден на книгата во земјава се слави по 19 пат. Библиотеките традиционално на овој ден на читателите им нудат можност да си одберат книга од домашен или странски автор и роза.
Вероника Мароска Леова
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=75484#.U1fHP1eaXm4