логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

ВИНИЧАНСКАТА ШИРА

 

Влажна ноќ. Мириса асфалтот на мамурлук. На пролетта деведесет и втора. На чоколадо со јаболко и цимет и темно, варено вино и каранфилче. Стојам на делот од калдрмата која после децении го преживеала инфраструктурниот егзодус, везам некои претпоставки кои во умот засенет од староста се јавуваат асоцијативно. Ја гледам неа, косата врзана во марама, со лицето озарено, искапено во мајската призрачност, муграта на моето и нејзиното емотивно описменување. Омарнината како рингишпил  ми ја поматува свеста и одеднаш таму сум: со раката на нејзиното запотено колено, ринам со носот по клавикулата. Потонат во зениците колку и мртвоморска депресија, се пијанев ко домашен глушец по бочвите во амбарите. Винограда беше мој порок, а јас боемот кој на неколку голтки не застануваше. Похотата ми се креваше ко зовриено какао во ѓезве. Мраморев пред нејзината совршено длетована фасада. Очите ѝ беа застаклени ко кратошиски езера, длабоки и црни, облачни. Изморени од водењето љубов папсавме во тревата, додека на хоризонтот пред нас се протегаа недобројни лозја. Природата маѓепсуваше, а ние двајцата сè уште се боревме за здив, како и плачковичките бумбари кои неуморно размафтуваа со крилцата. Се закикотува, со тресењето на петлето, скокоткајќи ми ги повторно животинските сокови. Од кошницата за пикник, доаѓа редот на домашното вино: ширата, омилена на мојата Вина. Наздравуваме и првата голтка ја далгува сласта пламена во нејзините црнки.

-Ја испрати мајка ми. Чинам посреќна е од мене што ќе ми бидеш невеста.- срамежливо се засмева, како да сака да ја скрие честа низ детинестите манири.

– Нетрпелива сум да се вселиме во куќата.

Купивме една куќа, стара градба, и не ми лекнува кога ќе ја спомене. Мамин син сум и сакам што подолго да се излежувам во татковата куќа. Одолговлекувам.

-Го поправивте столбот, нели? Безбедна е сега?

-Ахам.-незаинтересирано лажам, ширата со блажината веќе ми збрчи во главата. Не би сакал да ги слушам нејзините поплаки и кудот за мојата неодговорност. Има време. Барем така се оправдувам пред себеси. Maж.

-Имам чувство дека сè што е добро старее убаво. И градот како виното…Можеби и затоа го завикале така…Виница. Што мислиш?

-Поим немам.-муабетот од предмалку ме оддалечи, како да комунициравме низ долга тунелска верига. Ме плаши ли бракот? Ми дава предвремена тревога, блиндира за опасност?

-Се смета дека за време на неколку сушни години, куќите биле малтерени со вино наместо вода. Којзнае можеби и темелите на нашата така биле создадени, прилично е античка.

Роденден ми е. И Винограда не се сети, но затоа наизуст ги знае теориите за општинска етимологија и останати бурлески. – Изморен сум.-луто пресекувам, ги тресам чичките и чеклазите. Винограда грижливо ми ја следи гестикулацијата како озрачена од општолекарско спознание. Не трепнувам додека се собираме. Ја земам и ширата со мене, дополу испиена. Чувствувам дека на таков начин доволно ја казнив, не знаејќи зошто. Како што мајка го отцепува детето од  доењето, скратувајќи му го периодот на интимно, орално блаженство.

Виното од привидните темели на некој градежен костур изграден во Османлиско можеби, се спојува со нејзината невина и врела крв. Ја закопавме во венчалниот фустан. Не ја видов. Не можев. Виновен бев, Вино! Плачам одвнатре, не дозволувам тагата да набрекне, не откако жив ме изеде.

Мајка ѝ вриштејќи се фрла по ковчегот, месаријата и еден од носачите ја додржуваат да не падне во гробот. Се воздржувам и јас, стоејќи на пристојна далечина, со грижата на совест до мене.

„Ти подготви изненадување. Ќе глумам дека сум заборавила, ќе го намамам во куќата, рече, имам нешто важно да му соопштам. Не кажа што, ама претпоставуваш. Ги загубивме.“- ги кине живците од заноктиците крвнички.

Се срушил таванот, колабирала конструкцијата најпрво на западниот блок.-ги слушам сенишно инженерите и пожарникарите како ни ја соопштуваат причината за несреќата.

Сирота. Беше толку млада и убава…плачат старите тетки. Судбина. Куќата беше проколната…-извесен период кружеа гласини, мора да се даде морбиден печат на несреќата, како да избегала и таа во будноста од зборникот на Цепенков.

Ми брмчат во глава секвенци од сè преживеано, од годините кога се изгубив себе. Стојам погребан додека багерот ја откорнува куќата како заб од корен.

Ја отпивам последната голтка од ширата, одвратна, пивтиеста и кисела. Си го повраќам џигерот со години, го барам нејзиниот вкус во секој лозов дериват, во цвет во ферментација, слаткавиот мирис на липите и хлорофилните мравки. Есента ги брише трагите на нашето последно лето, со мимикрија ескивирам уште еден длабок сон, мојата тага се припојува со раскишкавените патишта и влажните покриви, наталожените слоеви снег кои безмилосно ги кршат гранките.

Мојата несигурност ја уби, ми светнува, ме пресекува ко вински поток од Црн Камен, растопен рубин, ме зарежува ко лозница во февруари. Таков безсетилен траам, ѝ го насетувам мирисот на јавор и сандаловина. Таа…Таа е тука до мене, во мене, подостарена, со пепелави влакна кои неисфарбани стрчат од темето. Дали мојата колебливост повторно има главен збор и предомислувањето ме покорило, ја убило нејзе во мојата свест низ потсвеста? Или јас повторно сум се опил и од болка не го разликувам јавето од ноќта? Го залекувам грлото со уште неколку голтки црвено злато со вкус на шумски бобинки. Од тврдината погледнувам во постелениот ќилим, шантаво и магливо, гледам во мојата Вина, ВиноГРАД(а), Виница, мојата несудена невеста која никогаш повторно нема да биде невино легло на порививе, додека железните мравки ѝ раскопуваат утроба, а во мојата дланка победнички ме поразува светликавиот жиг на визата за назад …во туѓина…


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel 

Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“ (2021, бр. 23),

(Уред. Даниела Андоновска-Трајковска, Елизабета Јончиќ и Милица Димитријовска Радевска, Изд. Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола, РС Македонија)

In Journal of Literature, Art and Culture “Growth” (2021, No.  23)

(Editor in chief: Daniela Andonovska-Trajkovska, Ed. Elizabeta Jonchikj, Milica DImitrijovska Radevska, Publisher: Association of Writers “Bitola Literary Circle” – Bitola, North Macedonia)

 

3ти јануари 2022 лето Господово

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…
Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 834
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 4479
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

Сеп 24, 2021 Ставови 568
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде....

 Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Да внимаваме, некои од Божјите дарови, обично, на самиот почеток не ги препознаваме веднаш како дар – во сите негови димензии, зашто ни се даваат прво како крст. Крстот, пак,...

 Митрополит Струмички Наум:  Велик четврток (20.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик четврток (20.04.2022)

Што да напише човек за светата Евхаристија (Литургија), а истовремено да не ја открие и содржината на својот живот? Нема разлика помеѓу Евхаристијата и нашиот живот, или ако има –...

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Изразувањето на слободната волја, во градење на односот со Бог, е суштински поврзана со лојалноста, верноста. Преку слободно насочената волја кон исполнување на заповедите Божји и градење на личносна заедница...

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Одговорот на сите овие можни недоумици е дека, всушност, се случува нов квалитет на личносни односи меѓу нив, и тоа не толку поради Христовата љубов кон нив – Неговата љубов...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

 Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Сакам да ве потсетам на уште нешто: човекот е создаден бог со самото тоа што на Бог може да му каже „не“. Но, едно е на Бог да Му кажеш...

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Бог не ги тера со сила луѓето да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат Него. Не е лесно да се земе крстот на страдањето, но Он...

« »