логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Она поради што сум толку многу среќен и поради што овој човек овде, Џијан Емин, го нарекувам „мој брат“ е тоа што тој влезе во мојата душа и таму најде нешто. Можеби и работи кои не сум ги почувствувал и самиот. Го грабна моето срце и заедно со оркестарот направи чиста екпресија. И затоа за него не чувствувам ништо друго освен љубов, почит и бескрајно сум му благодарен за она што го стори, вели славниот нигериски музичар и борец за човекови права Феми Кути во пресрет на престојниот концерт со Македонска филхармонија, в четврток на 7 јуни во скопскиот Градски парк.

Роден на 16 јуни 1961 година во Лондон, Олуфела Олуфеми Аникулапо Кути, познат како Феми Кути е нигериски музичар и најстариот син на пионерот на афробитот и борец за слобода и човекови права Фела Кути. Израснат во Лагос, професионалната кариера ја почнал во бендот на својот славен татко „ЕГИПТ 80“. Во 1986 година ги формирал ПОЗИТИВ ФОРС и започнал да се етаблира како артист кој сака да создаде сопствен израз на музицирање кој ќе го направи автентичен и единствен, та дури и независен од богатата оставнина на големиот Фела.

Во 1995 година, Феми го објавува деби албумот со неговото име и од тогаш концертира ширум светот и особено е познат и впечатлив по неговите настапи на концертните сцени. Потем следуваат и „Shoki, Shoki“ (1998), па „Fight to Win“ (2001) и „Day By Day“ ( 2008), а во 2010 година, го објавува и извонредниот „Africa for Africa“, за кој двата пати беше номиниран за престижната награда „Греми“.

Со микс од т.н. енергетски набиен фанк, џез, реге и традиционални африкански ритми, во неговите песни Феми Кути зборува за политичката корупција, сиромаштијатата, лошите животни услови во родната Нигерија, како и во светот, диктаторскиот режим... Неговата музика се занимава со политичкиот и социјалниот аспект на живеење, со општествениот ангажман, носи силни пораки и токму тие се врзивната точка меѓу таткото и синот. Феми Кути всушност, ја следи сличната филозофија на она што го втемели Фела Кути и затоа неговата музика инспирира, и има за цел да го промени и да го мотивира африканскиот народ.

Таквите негови заложби се присутни и на следните две објави „No Place For My Dream“ (2013) и актуелниот „One People One Dream“ (обата за прочуената њујоршка етикета Knitting Factory Records ), а нема двојба дека Феми Кути и натаму останува еден од оние музичари чија музика ги инспирира, менува и мотивира луѓето од Африка.

РСЕ: Господине Кути, мнозина од нас сè уште добро го паметат вашиот експлозивен концерт на Скопскиот џез фестивал во 2004 година. По нецели 14 години Вие, со вашиот бенд „Позитив форс“, наново сте тука и ќе настапите со Македонската филхармонија на концертот што ќе се одржи во Градски парк, в четврток на 7 јуни. Дали е ова ваше прво искуство да соработувате со голем оркестар?

Токму така. Ова ми е прв пат да се најдам во таква позиција, иако морам да признам дека тоа досега беше мојот најпосакуван сон. Секогаш мечтаев за таков еден зафат, но никогаш не мислев дека ќе ми се случи во животот. И таа желба немаше граници. Затоа сега ова ми изгледа како бајка. Убеден сум дека го живеам моментот кога сонот ми станува стварност.

Кој е „виновникот“ за тоа? Како започна оваа соработка со Македонска филхармонија?

Џијан Емин, овој човек што седи до мене и кого јас сега едноставно го нарекувам „брат“. Тој цели две години се обидувал да контактира со мене преку луѓето во мојот менаџмент, но без успех. Никој не сакал да слушне за неговата идеја, а јас бев постојано зафатен со организацијата на тековните настани и настапи. Едноставно така функционираат работите во Нигерија и навистина морате сами да внимавате на секој чекор. Сепак, Џијан немал намера да се откаже од идејата и конечно ме побара на социјалните мрежи и имавме навистина долг и плоден разговор за музиката. За она што тој имаше намера да го истурка до крај. Еве ме сега сум тука и како полека ја исправаме куќата на сите ни станува јасно колку е сево што го правиме сериозно. Колку е голем овој проект. Во овие неколку дена од нашата заедничка работа, од размената на идеи и енергии со Џијан и со оркестарот, мене ми се врежува една мисла – дека ова е можеби најголемата работа што ја правам во животот.



Ова што го велите ме упатува на заклучок дека многу лесно сте успеале да воспоставите професионални, емотивни и енергетски релации со овие музичари, посебно со диригентот и аранжерот. Имавте ли можност досега да се запознаете со македонската музика, конечно со творештвото на Џијан Емин?

Не. Но се обидов да стекнам што повеќе знаења за музиката на големите оркестри. За мене музиката е јазикот на вселената и со неа најлесно можете до комуницирате со кого било. Она што сега го правиме е резултат на мојот неотсонуван сон да се најдам пред голем оркестар. Со музичарите да ги споделам моите мисли, чувствата, пораките. Затоа пак ќе речам ова за мене е како бајка.

Верувате ли дека овој Ваш проект со Македонската филхармонија може да има убава иднина на интернационалната сцена?

Дефинитивно. Сметам дека луѓето од музичкиот бизнис ќе бидат шокирани од она што ќе го чујат. Вложивме многу емоции во него. Дури и претходно кога на пријателите и на некои продуценти ќе им кажев дека ќе работам со голем оркестар никој од нив не го криеше изненадувањето. Затоа не се сомневам дека кога сето ова ќе биде документирано оние што ќе имаат можност да го слушнат комплетно ќе забегаат. Убеден сум дека ова ќе биде нешто навистина големо. Она поради што сум толку многу среќен и поради што овој човек овде, Џијан Емин, го нарекувам „брат“ е тоа што тој влезе во мојата душа и таму најде нешто. Можеби и работи кои не сум ги почувствувал и самиот. Го грабна моето срце и заедно со оркестарот направи чиста експресија. И затоа за него не чувствувам ништо друго освен љубов, почит и бескрајно сум му благодарен за она што го стори. Верувам, силно верувам, дека ова ќе биде навистина големо нешто во музичката индустрија.

Носите маичка со ликот на вашиот татко легендарниот Фела Кути. Како силен продолжувач на неговото дело, како творец чија музика носи силни политички и хумани пораки, сметате ли дека оваа соработка ќе може да и даде нова и поинаква енергија на вашата мисија?

Секако. Нималку не се сомневам во тоа дека ова што сега го правам е можеби најважното нешто во мојот живот затоа што и се претставувам на една друга публика. На публика која ја сака класичната музика. На таа публика ѝ отворам нови видици. Ѝ покажувам како класиката може да се вкрсти со афробитот. Вообичаено луѓето афробитот го гледаат блиску до џезот. Вака отвораме еден поинаков сектор, сектор во кој музиката на Африка се испреплетува со класиката. И тоа е податливо за различна публика. Се отвораат и можат да се видат многу допирни точки и поинакви можности. Ова што се случува е нешто несекојдневно. Можеби и нешто што најмалку сме го очекувале. Сметам дека овој проектот е со важна интернационална порака. Мнозина ќе слушнат дека работите почнаа од овде, од Македонија. И, тоа е исто така важна работа за оркестарот, за диригентот, за сите учесници, за државата воопшто. Затоа во ниту еден момент не се мислев околу тоа дали да ја искористам ова можност или не. Едноставно ако не ја зграпчев, можеби таа никогаш немаше да се повтори. Затоа и сум среќен што ова се случува и кога во своите изјави Џијан го нарекувам „мој брат“, тоа е она како всушност треба браќата исправено да чекорат еден покрај друг.


16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

 

Извор:https://www.slobodnaevropa.mk/a/29273503.html

 06.06.2018 г.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2419
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2939
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

15/04/2025 - вторник


Велигденски пости;
(строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная