логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) – Со истакнување на моќни цитати напишани од раката на Крсте Петков Мисирков, а кои се однесуваат на меѓусосетските односи, словенскиот карактер на македонскиот јазик и идентитет, како и нивната заштита, денеска пред МАНУ беше одржан научен собир посветен на авторот и основоположникот.

38.machenici1

Според преставниците од МАНУ, овој собир посветен на Мисирков има посебна улога и значење и негова основна задача е да се укаже на научните факти, кои треба да послужат како опомена за последиците доколку истите се игнорираат.

Во своето воведно обраќање претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, рече дека Мисирков во своите дела ја истакнува важноста на историјата и идентитетот на државата, како и дека животниот пат на Мисирков е и за денешни услови неверојатен.


38.machenici1

– Мисирков живее низ 20 градови, но неговата дејност е пред се сврзна со Битола и Скопје. Во статијата самоопределувањето на македонците, Мисирков ќе напише: „Наоѓам исто така дека ако Србите и Бугарите не се помират и ако Македонците не бидат впрегнати во доброволна сорботка со Бугарите и Србите за запирање на грчкиот бран кој бавно но сигурно се движи од југ на север, ние сите и Србите и Бугарите и Македонците ќе потонеме во неслоганско море што од сите страни не опкружува, мислам дека само во слогата во соработката меѓу Србите, Македонците и Бугарите е спасот на сите нас“.

Воедно Коцарев потенцира дека многу години подоцна државава се уште се соочува со како што ги нарече непринципиелни закани уцени и ненаучни аргументи.

– За жал денеска сме соочени со непринципиелни закани уцени и ненучни аргументи бесмислено барање дека македонскиот идентитет мкеоднскиот јзик имаат бугарски корени, апсурдно барање својата национална генеза Македонија да ја дефинира онака како што бара една соседна земја. Македонија се надевам дека нема да отстапи од одбраната на македонскиот идентитет и јазик, тие имаат словенски карактер, ама не бугарски. Геополитичките игри во некои можни сценарија може да предизвикаат штетни последици и за Македонија и за Бугарија, за тоа треба да бидат свесни и македонските и бугарските политичари така збороцивте на мисирков 100 години подоцна се многу актуелни „Други ќе печалат ние ќе губиме“, изјави тој.

38.machenici1

Тој изрази надеж дека собирот ќе придонесе разумот и научните аргументи да станат единствена водилка за подобра и просперитетна иднина на државава во која македонскиот идентитет и јазик ќе го задржат словенскиот карактер.

38.machenici1

Според академик Катица Ќулавкова, историјата на општеството има два фокуса, па така таа вели дека едниот е национален и поврзан со развојот на државата а другиот е културен и заинтересиран за идентитетските спреги на релација индивидуа, нација, држава.

– Тоа е така затоа што културата и цивизилзацијата колку и да се различни сепак се во заемна рецепција, запишаната и усвоена историја е цивилизациски чин, проекција на колективната меморија, сином за национален консензус, рамнотежа меѓу стварното и имагинарното, значи колку што има култура во цивилизацијата толку има цивилизација во културата, токму затоа сите стабилни истории се плод на контактот меѓу историјата и митската свест, меѓународната и писмената култура и меѓукултурната и политичката автономија, заклучи Ќулвакова.

На научниот собир беше истакнато дека Мисирков не е само основоположник на културната историја, туку и дека ја издигнува истата на високо европско научно рамниште.

38.machenici1

Претставниците од МАНУ сметаат дека културната историја на државава е конципирана од Мисирков претставува истражувачка и емпириска платформа како и научна дисциплина со своја теориска методолопка и интерпретативна заснованост. Велат, Мисирков ја проучува македонската култура во контекст на пошироките словенски јужнословенски и балкански етнокултури и нивните развојни процеси.

38.machenici1

Придонесот на Мисирков во таа смисла во развојот на македонската културна историја како научна дисциплина е значајна затоа што се рефлектира врз освестувањето и легитимација на македонскиот етнички културен иденетитет што претставува услов за стекнување на политичкиот суверенитет на Македонија, поентира Ќулакова.

Таа додаде дека македонската културна историја и денес е исправена пред старите предизвици за кои што Мисирков се надевал дека ќе се разрешат точно пред едно столетие.

– Изложеноста на Македонија на повеќедецениски ултиматуми во процесот на интеграцијата поради идентитетските спорови е доказ за виталноста на гехегемонизмот и за комплементарноста на балканските културни и политички претензии. Хегемонизмот има своја прагматична догматска филозофија која бара научно заснован одговор и не следи политички страсти, заблуди и полувистини туку јасни рационални праведни и цивилизирани решенија, вели таа.

Витомир Митевски констатира дека тоа што некогаш се сметало за минато и надминато денес по 120 години со оглед на како што ја натрече трагичната состојба во која се најде макеоднскиот народ и неговата држава сето тоа според него денеска повторно е актуелно.


38.machenici1

– По 75 години државност на Македонија се повампирија старите апетити, на некој начин соседски се отворија нови прашања и стари рани, се копа и рие по она што ни е најсвето, сведоци сме дека се прават некакви договори зад грбот на македонскиот народ тмурни облаци се надвинсаа над Македонија со закана да го згубиме она што со генерации е градено создадено со љубов ентузијазм и платено со животи, во исто време сме под закан да ја изгубиме дури и идинината на наншиот народ во ова време невреме е потребно воедно и поучно да се навратиме на некои основни тези на Мисирков, порача Митевски.

Исто така, на настанот беше потенцирано дека процесот на ерозија на идентитетот на македонскиот народ преку бришење на сите национални културни одлики зема силен замав особено по таканречениот преспански договор и сега се шири на сите нивоа.

Инаку, Крсте Петков Мисирков е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.

38.machenici1

Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик. Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби. свс/сп/

Извор:

https://24info.mk/%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%80-%D0%B2%D0%BE-%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2-%D0%BC%D0%B8/

 

 

Друго од историјата на македонскиот народ:

„Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината на мојата татковина… Како Македонци мора да нѐ прашаат за сите работи што нѐ засегнуваат нас и нашите соседи. Ние, македонската интелигенција, без сомнение, ја носиме најголемата одговорност за положбата во која денеска се наоѓа нашата татковина… Јас не се каам што уште пред 28 години се објавив за македонскиот сепаратизам. За мене тоа беше и останува единствениот излез, најдобриот пат по кој македонската интелигенција би го исполнила и ќе го исполни својот долг пред татковината и пред нашиот народ, оти само со Македонци Македонија ќе биде на Македонците… Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги ставам интересите на мојата татковина и моите сонародници…“, пишува Мисирков во весникот „Мир“ од 12 март 1925 година.

Коските треба да ги оставам
каде што сум се родил!

Во истиот весник, две недели подоцна, тој го објавува својот втор текст, кој, всушност, е одговор на лавината напади предизвикани од неговата претходна статија посветена на „македонскиот национализам“. Во текстот, меѓу другото, пишува: „Јас многу добро знаев дека ќе бидам нападнат за мојот ’македонски национализам’, дека тој на никаков начин нема да биде отпечатен во весникот ’Илинден’, и дури не бев уверен дека ќе го отпечати и весникот ’Мир’. При сето тоа ја напишав статијата и ја испратив во Редакцијата на ’Мир’. На другиот ден по нејзиното печатење, весникот ’Слободна реч’ направи од мене човек што уште не си ја знае народноста. За жал, ’Слободна реч’ не можеше да ме одучи од моите ’простачки умувања’. Јас пак наоѓам дека Македонија денеска е раскината, дека Грците успеаја да ѝ ги земат најдобрите делови, да го испадат оттаму македонското население и да го заменат со азијатски доселеници што се трупаат покрај српската и бугарската граница, како што едно време византиските императори се трупаа на бугарската граница, образувајќи воени населби од азијатски колонисти… Но соседите мора да се помират со тоа дека Македонците се тука, дека постојат и дека имаат ’свои, македонски национални чувства’, дека создаваат македонска култура, ’како што сме го правеле тоа со векови и кога нашата татковина не влегувала во една од соседните држави’. Како Бугарин јас одамна би рекол: Каква Македонија! И тука ми е добро, нема зошто да мислам за она што е веќе загубено. Но како Македонец, јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум дома, во својата татковина. Таа е таму, каде што сум се родил и каде што јас треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично. Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сѐ друго на светов… Безусловната и безгранична љубов кон Македонија, постојаното мислење и работење за интересите на Македонија, македонскиот национален дух, јазикот, народната поезија, обичаите е мојот национализам. Тоа е македонското национално чувство, тоа е историскиот повик на Македонецот што може да го исполни само како слободен и рамноправен граѓанин на кого му е дозволено да мисли, да чувствува, да зборува и да дејствува како Македонец“, ја завршува Мисирков својата статија во весникот „Мир“. Неполна една и пол година потоа Мисирков умира. Бил погребан на Софиските гробишта. Според спомените на неговата сопруга Екатерина, шест недели Крсте бил лекуван, умира во Александровата болница без точно утврдена дијагноза, но со претпоставка дека е менингитис или енцефалитис. Подоцна е утврдено дека умрел од тумор во мозокот. Познато е дека мртов цел ден лежел во креветот, до него била само сопругата. Немало кој да го пренесе во мртовечницата, а таа немала пари за гроб и погреб. Свеќите што ги запалила ги донеле милосрдни сестри. Болницата понудила да го остават телото за секцирање, но Екатерина и синот Сергеј одбиле. До гробот за сиромашни во Софиските гробишта го испратиле само десетина души.

„Немам ни парче хартија за
спомен од прадедо ми Крсте!“

Во еден новинарски разговор со единствениот директен потомок на Крсте Петков Мисирков, Борис Мисирков, фотограф, филмски снимател и продуцент со диплома од театарската академија „Крсто Сарафов“, и со специјализација во центарот за уметност ФАБРИКА (FABBRICA) на Оливеро Тоскани во Италиjа, реализиран пред 17 години во Софија, дознав дека во гробот на неговиот прадедо на Софиските гробишта, освен неговите, се наоѓаат и посмртните останки на неговата сопруга Екатерина Михајловна-Мисиркова, нивниот син Сергеј и нивниот внук Борис Мисирков, татко на мојот соговорник. Разговорот со тогаш 33-годишниот Борис Мисирков за неговиот прадедо го водевме во неговото продукциско студио „Агит-проп“ во Софија. Во тие неколку часа дружење, Борис не направи никаква гестикулација ниту ја промени интонацијата на гласот, па гледајќи го осветлен од есенските зраци на сонцето можев да го замислувам Крсте Петков Мисирков на таа возраст пред 97 години како ги пишува своите „Белешки по јужнословенска филологија и историја“ за списанието „Македоно-одрински преглед“. Во репортажата што ја објавив есента во 2004 година остана запишано дека „момчето зборува тивко, со паузи во кои размислува дали треба да додаде уште нешто или, пак, можеби кажал сѐ“, а потоа текстот продолжува со прашањето дали знае дека во Македонија веќе неколкупати е поведувана иницијатива за пренесување на моштите на Крсте од Софија во Скопје. Тогаш, пред 17 година, правнукот на Крсте, момчето што сега има завлезено во шестата деценија од животот, меѓу другото рече: „Во гробот на Крсте, во истата парцела 89, ред 17, роб 4, пред шеесет години, во 1960 година бил погребан неговиот единствен син Сергеј, мојот дедо. Во 1971 година таму беше погребана и сопругата на Крсте, Екатерина Мисиркова, а пред пет години (во 1999 год. н.з) во тој ист гроб го погребавме и татко ми Борис Мисирков. Во лозата на мојот прадедо Крсте, почнувајќи од него, сите имале по еден син. Сега јас сум единствен директен негов потомок, кој можеби ќе ја прекине таа традиција“, вели со насмевка. „Инаку, знам дека баба Екатерина по Втората светска војна има дадено согласност за пренесување на посмртните останки на Крсте во Македонија, но подоцна нешто се случило и тоа, за жал, не е реализирано. Истата иницијатива била обновена и подоцна, ама по смртта на дедо ми Сергеј, а потоа и по смртта на сопругата на Крсте, можноста за такво нешто стана речиси невозможна.

Татко ми Борис пред десетина години сосема ја отфрли таа можност, па затоа при последните контакти со една делегација од Скопје, јас само ја пренесов неговата желба да не се чепка гробот на Мисиркови, затоа што во него сега не почива само Крсте. Од друга страна, освен гробот каде што се сите директни потомци на мојот прадедо Крсте, јас немам ништо друго од него овде. Дел од неговата оставина била преземена од Централниот архив во Софија, а она што приватно го зачувала баба ми Екатерина му го дала на Блаже Ристовски, па јас сега немам ни парче хартија за спомен. Мајка ми работи за ООН во Казахстан, се враќа напролет и тогаш планираме да направиме убав споменик на гробот на Мисиркови, па секој што го почитува Крсте ќе може да му запали свеќа и да му остави цвеќе таму каде што е веќе скоро осумдесет години“.

Во тоа време, Борис Мисирков продуцираше и продаваше документарци на телевизиски куќи низ Европа, а во фаза на формирање беше и неговиот проект за „Балкански документаристички центар“, финансиран од европските фондови за документарен филм но и од УНЕСКО, а во кој се предвидуваше да членуваат продуценти на документарни филмови од Софија, Скопје, Белград, Букурешт, Атина и Тирана. Пред шест години, во 2015 година, Борис Мисирков беше член на официјалното жири на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица. Тој за своите проекти во изминативе дваесеттина години има добиено повеќе награди на престижни светски фестивали за документарен филм. Во меѓувреме, како што рече, веќе подолго време се подготвува за снимање документарен филм посветен на прадедо му Крсте. Приказната, ни рече тогаш, ќе го следи неговиот животен пат од Постол, преку Белград, Петроград и Одеса до Софија, а ќе се снима и во Битола и во Скопје, како дел од неговиот веќе остварен сон. На крајот од разговорот имав чувство дека Борис Мисирков како да жали што неговиот прадедо Крсте Петков Мисирков сепак не е во Македонија. Иако не оставил тестамент и, веројатно, веќе нема реални изгледи неговите посмртни останки да се пренесат во Македонија, според неговиот текст објавен во весникот „Мир“ една година пред смртта, сосема е јасна неговата желба за тоа каде би сакал да биде погребан: „Како Македонец, јас во Бугарија се чувствувам како во туѓина, не сум дома, во својата татковина. Таа е таму, каде што сум се родил и каде што треба да ги оставам коските…“

 

Извор:

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/m%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B3/

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2030
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2551
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная