логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


08.05.2013 год.

 d.jpg

 Православното христијанство - извор на правата и слободата на жената


Современото движење за еманципација на жената честопати, поради погрешно сфаќање на христијанските начела, се јавува како борец против христијанството, во кое гледа ограничување на правата и слободата на жената. Така, барајќи ги своите права, многу жени несвесно застануваат против православното учење кое е извор на тие права. И можеби затоа денес е толку потребно јасно да се образложи ставот на православната Црква во поглед на жената и особеностите на нејзината природа. Зашто ниедна цивилизација, ниедно философско или религиозно учење, не ја издигнале жената на толку високо рамниште како христијанството. Таа не само што веќе не е сметана за „инструмент кој зборува“, „предмет за задоволство и одржување на родот“, или „имот на мажот“ и тн., туку се вреднува како личност која е повикана на една многу достоинствена и возвишена мисија - да биде мајка на животот и соработничка на Бога во спасението на светот.
Самото христијанство е најдобар одраз на природниот тек на нештата, највисок степен на духовно совршенство, во кое и мажот и жената го пронаоѓаат својот сопствен призив, притоа не губејќи ги правата кои и по законот Божји и по законот човечки им припаѓаат. Единствено во христијанството, жената добива можност да не се чувствува веќе како робинка, туку како слободна личност присутна во сите сфери на животот. Црквата од самиот свој почеток не ја порекнувала рамноправноста меѓу мажот и жената, но секогаш, пак, ги истакнувала оние природни особености на нивните личности, со што се одредуваат нивните взаемни односи и нивната мисија во општествениот живот. Светите Отци во мажот гледале авторитет, но за жената кажале дека е „втор авторитет, дека таа всушност поседува поинаков вид авторитет и рамноправност во достоинството“ (св. Јован Златоуст). Св. ап. Павле, пак, истакнувајќи ја возвишеноста на брачната љубов, тоа вака го објаснува: „Вие мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа, за да ја освети... та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение“ (Ефес. 5, 25). Нагласувајќи ги внатрешните вредности над надворешните, православната Црква во авторитетот на жената гледала мајка, сопруга, девојка, сестра, која со својата нежност, кротост и смиреност ги совладува и најцврстите окови, најтврдокорните срца. Жената преку евангелските вредности е повикана да му даде смисла и нежност на светот, да го уништи декадентниот дух што денес постои во него.
Но дали е денес тоа така? За жал тој декадентен дух, кој произлегува пред сѐ поради егоизмот и практикувањето на страстите, присутен и кај мажот и кај жената, е последица на гревот кој длабоко се закоравил во нивните срца - просто тој станал мода. Бидејќи денес постои погрешно учење за човечките вредности, сите превези на срамот, достоинственоста и скромноста се отфрлени. Можеби затоа и изјавите на Црквата понекогаш се погрешно разбрани, како дискриминирачки против жената. Всушност таквите изјави не се насочени директно против жената, туку против тој искривен однос помеѓу мажот и жената, чијашто природна последица е токму таа декадентност што денес ни се случува. И доколку таквите изјави, иако можеби малку строги, не се извадат од контекст, нашите жени во нив ќе можат да препознаат искрена загриженост и желба за повторно воспоставување на достоинството и правото што им следува, а што денешното живеење во грев одново им го одзема.

 eva_i_Deva.jpg

 Од уредувачите на сајтот

 Извор: Бигорски манастир

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/11/2024 - четврток

+Светите Козма и Дамјан; Светиот маченик принцот Ерминигелд; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная